Свет

Лукашенко не се откажува : Ќе ја одржи воената парада по повод денот на победата над фашизмот и покрај пандемијата

Lukašenko nedorazí na vojenskou přehlídku v Moskvě — ČT24 — Česká ...

Воената парада во Белорусија ќебиде одржана и покрај пандемијата на корона вирусот. Претседателот рече дека парадата не може туку така да се откаже

Белорусија ќеја  одржи традиционална годишна воена парада за Денот на победата, рече претседателот Александар Лукашенко .

– Морам да кажам дека не можеме да ја откажеме парадата. Едноставно не можеме. Долго размислував за тоаа. Луѓето би рекле дека сме се исплашиле “ , рече Лукашенко.

Тој рече дека откажувањето на парадата, едноставно, не доаѓа во предвид.

– Треба да се потсетиме дека луѓето кои се бореа можеби умреле од вируси или од некои други болести, но тие не го почувствувале тоа, тие умреле за нас, колку и да звучи чудно – рече Лукашенко.

Тој му нареди на неговиот кабинет да не „вовлекува“ никого во парадата, која, како што рече, ќе биде организирана како што доликува, но не ги даде сите детали.

– Ако луѓето не сакаат да дојдат затоа што се плашат и се грижат за своето здравје, ќе разберам. Има такви што сакаат да се одржи парадата. Илјадници и илјадници од нив “, рече Лукашенко.

Да се потсетиме, Русија и други советски земји решија да ја одложат парадата за Денот на победата за да го заштитат здравјето на нивните граѓани.

Во Белорусија, која брои околу 9,5 милиони луѓе, има околу 17.5000 заразени, при што бројот на загинати надмина 100.

Loading...

Related posts

Leave a Comment