Свет

Лукашенко: Подобро да не не закачате, војната би траела три или четири дена

 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко верува дека потенцијалниот вооружен конфликт меѓу Украина и Белорусија ќе биде завршен за неколку дена

„Украина никогаш нема да војува со нас. Таа војна би траела најмногу три или четири дена. Нема да има кој да води војна против нас“, рече Лукашенко во интервјуто на каналот „Соловјев во живо“ на Јутјуб.

Тој рече дека војната со Белорусија, а пред се со Русија, нема перспектива, пренесува РИА Новости

„Не зборуваме за некакво нуклеарно и друго оружје. Но, подобро е да не допирате. Не допирајте не“, додаде Лукашенко.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!