Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гваидо не беше приведен затоа што судот не нареди, но тоа ќе се случи, изјави претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Тој денес им се обрати на претставниците на меѓународните медиуми , три дена откако Гваидо се врати во земјата по посетата на САД и Европа, и покрај тоа што судот му забрани на лидерот на опозицијата да ја напушти Венецуела.
Мадуро рече дека ќе дојде денот кога судските власти во Венецуела ќе го затворат Гваидо „за сите злосторства што ги извршил“, објави АП.
„Тој ден сè уште не е дојден, но ќе дојде“, истакна Мадуро.
Гваидо се прогласи себеси за претседател на Венецуела во јануари минатата година.