Свет

Мадуро : САД планираат да ги нарушат парламентарните избори во Венецуела во 2020 година

 

Соединетите држави се обидуваат да ги нарушат парламентарните избори во 2020 година во Венецуела, изјави претседателот на латиноамериканската земја, Николас Мадуро во интервју за телевизискиот канал Росија-24, емитувано во понеделникот.

„Јас лично можам да ја предупредам меѓународната заедница дека американската влада со својата екстремистичка политика и нетрадиционална војна против Венецуела веќе размислува за плановите за нарушување на парламентарните избори“, рече Мадуро, истакнувајќи дека Венецуела има податоци што ги потврдуваат овие планови.

Говорејќи за причините за можното мешање на САД на претстојните парламентарни избори, Мадуро истакна дека „тие знаат дека не можат да  победат исто како за време на претседателските избори на 20.05.2018 година“.

Политичката криза во Венецуела се влошi на 23 јануари, кога Хуан Гуаидо, лидер на опозицијата во Венецуела и спикер на парламентот, чие именување на таа позиција беше поништено од Врховниот суд на земјата, се прогласи за привремен претседател на митингот во главниот град на земјата Каракас. Неколку земји, вклучително и САД, повеќето држави на ЕУ, членки на групата Лима (со исклучок на Мексико), Австралија, Албанија, Грузија и Израел, како и Организацијата на американските држави, го признаа.

Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, пак, го окарактеризира овој потег како пуч што го спроведе Вашингтон и рече дека ги прекинува дипломатските врски со САД. За разлика од САД и нивните сојузници, Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција изразија поддршка за Мадуро.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!