Соопштенија

Македонската Заедница од Обединетото Кралство строго ги осудува обидите на Софија за денационализација на Македонците!

Македонската Заедница од Обединетото Кралство строго ги осудува обидите на  Софија за денационализација на Македонците – Брегалнички Портал

Македонската Заедница од Обединетото Кралство строго ги осудува обидите на Софија за денационализација на Македонците!
5 декември 2020 година, Лондон, Обединето Кралство (ОК)

Македонската Заедница од ОК најостро ги осудува уцените и обидите на официјална Софија за денационализација на Македонците во Бугари. Такви обиди и уцени во 21виот век се неприфатливи и бараме од Бугарија да ги повлече сите услови и уцени поставени спрема Македонија.

Во исто време се осврнуваме на Европската Унија, која немо стои и дозволува вакви уцени и недемократски барања кои се спротивни на европските вредности, а и спротивни на сите меѓународни права, да се огласи и да ги осуди ваквите непринципиелни постапки на Бугарија.

Македонската Заедница бара претседателот и премиерот на Бугарија да се извинат за сите историски и општествени неправди и ѕверства врз Македонскиот народ за време на Балканските војни, Првата Светска Војна и фашистичката окупација во Втората Светска Војна!

Исто така длабоко сме загрижени за положбата и правата на Македонците во Бугарија, кои се уште ги немаат основните човекови права.

Македонскиот и Бугарскиот народ треба меѓусебно да се почитуваат и соработуваат но никако не смеат да наметнуваат или условуваат туѓа агенда. Укажуваме дека правото на самоопределеување и самоидентификација на Македонскиот народ е неотуѓиво, неприкосновено веќе апсолвирано универзално право.

Македонската Заедница со огорченост ја отфрла сервилноста на С. Македонската Влада поради прифаќање на бугарските уцени за согласност за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија и бара распуштање на меѓувладината комисија за ревизија на македонската историја!

Македонската Заедница е убедена дека сегашната Влада во Македонија е антимакедонска, врховистичка и работи на штета на Македонскиот Народ.

Бараме неотповиклива оставка на сегашната Влада и создавање на Национална Татковинска Влада и создавање услови за нормални предвремени легални парламентарни избори, доколку сакаме да имаме подобра иднина во Македонија.
Упатуваме “Апел за Обединување” на сите прогресивни македонски сили во Македонија.

Потсетуваме дека Македонците се цивилизација со јазик, култура и историја од античко време па наваму и никој не смее и нема право да го оспорува тоа.
Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за век и векови. Амин!

Со почит
Македонска Заедница (Лондон)
Обединето Кралство

Loading...

Related posts

Leave a Comment