Соопштенија

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: ОПЕЛО ЗА МПЦ И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ФАНАР

Македонски манифест: Нема да дозволиме идентитетска ликвидација на  Македонија | МКД.мк

За Македонски манифест 12-ти јуни беше најмрачниот ден во поновата историја на Македонија. Фанариотите одпеаја опело за МПЦ и македонскиот идентитет. Трагедијата да биде поголема заедно со нив пееше и Г.Г.Стефан заедно со неговата одбрана тајфа.

Со себе понесе како логистика дузина политичари и стотици телали, кои со громогласни аплаузи требаше да го покријат срамот, а предавството да го прикажат како триумф. Тажно беше да се гледа Архиепископот Стефан како се мачи и препотува од страв да не изговори Македонија, македонски и македонски верници. Но добро обучен во стилот на политичарите отпеа „нашата држава“, „нашиот народ“, „нашиите верници“, „верниците на Охридската црква“- како само Охриѓани да се верници. Ние немаме дилеми дека во Фанар е погребана МПЦ.

Вселенскиот Патријарх во повеќе наврати, но и во Синодалниот акт децидно кажа дека е исклучена македонска црква и се што произлегува од Македонија. Ни се одзема јурисдикцијата врз македонските цркви во дијаспората, а нашата црква ја нарекува Охриска Архиепископија или Охридска црква со која раководи Архиепископот Стефан. Конечното име ќе дојде со томосот за автокефалност, ако воопшто дојде. Архиепископот Стефан понизно и поданички го прифати бришењето на МПЦ. Тој пропушти да ја претставува Македонската црква.

Пропушти да му каже на Вартоломеј дека МПЦ и Македонските цркви во дијаспората не се на продажба, а бришењето на МПЦ е сквернавење на Библијата. Вартоломеј може да си го менува своето име, но не и името на МПЦ. Тоа име го утврдија македонските верници на Црковнонароден собир, откако претходно со крв се изборија за своја суверена држава. Ниту Вартоломеј, ниту кој било друг нема канонска основа да ни брише име на помесна црква, во суверена држава. Стефан за ова ќе мора да одговара.

За нас од Македонски манифест, сето ова е само дел од третиот чин на трагедијата наречена „МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТСКИ КОЛЕЖ“. Во првиот чин моравме да го потпишеме Преспанскиот договор и сами да си го избришеме името на државата, како услов за влез во НАТО. Во вториот чин ќе мора да си го избришеме идентитетот и јазикот и да кажеме дека до 1945 година сме биле Бугари, како услов за влез во ЕУ. Во третиот чин се чини ќе мора да ја избришеме МПЦ од Црковниот Устав и Уставот на РМ, ако сакаме томос за автокефалност.

Томос за автокефалност не добивме, но затоа фанариотите заедно со блудницата од Брисел, собраа по одпадите стотици томоси, па откако ги ремонтираа ги поделија по црковните великодостојници, политичарите, новинарите, колумнистите и црковните аналитичари. Со нив ги возеа во круг се додека не ги зашеметат и заблудат. Така зашеметени и заблудени ги пуштија еуфорично да го величаат бришењето на МПЦ, а предавството да го претворат во триумф.

Сите нив јавно ги прашуваме- АБРЕ ЏАГУРИЊА НЕОДРАСНАТИ, КАКО МОЖЕ БРИШЕЊЕТО НА МПЦ ДА ГО ТРЕТИРАТЕ КАКО НАЈСВЕТЛА ОДЛУКА СО КОЈА КОНЕЧНО СЕ ПРИЗНАВААТ МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? ЗАРЕМ НЕ СВАЌАТЕ ДЕКА МПЦ Е НАЈЦВРСТИОТ СТОЛБ НА МАКЕДОНИЗМОТ? АТАКОТ ВРЗ НЕА Е АТАК ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ. Ова македонскиот народ нема да го прифати.

Македонија никогаш не била во потешка состојба. На Исус му беше многу полесно, имаше само еден Јуда. Ние денес имаме стотици Јуди и неразбрани трговци, спремни во секој момент за 30 сребреници да распродадат сѐ што е македонско, но нема да поминат лесно. Архиепископот Стефан ќе мора јавно да одговори:
1. Дали во Фанар самоволно се откажа од МПЦ?
2. Дали е променет Уставот на МПЦ, а ние тоа да не го знаеме?
3. Дали постои одлука на СИНОДОТ и Црковнонародниот собор за бришење на МПЦ?
Ако Архиепископот Стефан самоволно се откажал од името на МПЦ, ќе мора да се соочи со црковен суд и разрешување, во постапка предвидена со Уставот на МПЦ.

Македонски Манифест

Related posts

Leave a Comment