Реакции

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: ПОДАРЕНИТЕ ТЕНКОВИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА, ИЛИ ТУРКАЊЕ ВО САМОУНИШТУВАЊЕ?

Македонски манифест: Нема да дозволиме идентитетска ликвидација на Македонија | МКД.мк

Македонски манифест е згрозен од чинот на Владата на Р.М. за воена помош на Украина во тенкови. Згрозени сме и од недоветното објаснување на М.О., објавено од повеќе медиуми, според кое тенковите биле застарени и подготвувани за уништување.

Со овој чин понижен е македонскиот, но и украинскиот народ, затоа што меѓу редови признаваме дека сме подариле “ѓубре”. Очигледно некој се подготвува повторно да фрли 200.000.000 евра на западните воени профитери, за набавка на баснословно скапо оружје по НАТО стандарди. Сето ова се чини ќе следи во услови кога стопанствениците и народот се дават во долгови и се мачат да преживеат.
Во услови кога целиот свет поради војната во Украина е во економска, енергетска и безбедносна криза и кога од сите страни стигаат апели за мир и политичко решение, нашава Влада подржува воена разврска, која може да ни донесе само невољи. Не гледаме дека ова не е судур меѓу Украина и Русија, туку меѓу НАТО и Рисујиа, од кои ние треба да сме на страна. Овој судур не е случаен и не е од вчера, туку е долго подготвуван. Кулминацијата почна со државниот удар во Украина во 2014 година. Веднаш потоа новата инсталирана власт започна да носи низа погубни одлуки на сопствена штета, поддржана од воените профитери. Беше забранет рускиот јазик, се формираа профашистички батаљони за прогон на Руси и се отвараа лабаратории за биолошко оружје. Се донесе одлука НАТО да се донесе во предворјето на Русија, а мировните спогодби од Минск беа отфрлени. Со тоа војната стана неизбежна. Западот воено ја поддржува Украина да крвави до последниот Украинец. За жал тоа го чини и македонската Влада со овој подарок. Резултатот од војната е катастрофален. Украина е целосно разрушена, економски уништена со БДП, повеќекратно намален. Територијата на Државата е редуцирана со отцепување на Крим, Донбас и Црноморското крајбрежје. Редуцирано е и населението со милиони раселени лица.
Затоа јавно ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука за давање воена помош и да оцени дали со тоа ја помага Украина, или ја турка во самоуништување. Бараме и да се приклучи кон земјите кои бараат политичка место воена разврска. Владата ќе мора да процени и за штетните последици за Македонија и Македонците од овој неразумен чин.
Македонски манифест секогаш е против војната, особено братоубисвената, како што е онаа меѓу рускиот и украинскиот народ. Од оваа војна немаат полза ниту Украинците ниту Русите, туку некој трет. Затоа сме на мислење дека треба да седнат на маса и да најдат политичко решение. Ги потсетуваме дека и најлошиот мир е подобар од најпосакуваната воена разврска.

Македонски манифест

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!