Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ОД КАНАДА ПОБАРАА ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ РОБ ОЛИФАНТ ПОРАДИ НАВРЕДЛИВИОТ ИЗРАЗ ,,СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА”

Our Name Is Macedonia Rally in Toronto

Торонто (13 март 2020) – Во своето обраќање на македонски настан во Торонто минатиот месец, пратеникот Роб Олифант од Либералната Партија на Канада зборуваше за Република Македонија користејќи го крајно навредливиот израз „Северна Македонија“ – со кој се негираат македонското име, идентитет и историја и се промовира менувањето на името на Република Македонија кое беше наметнато од страна на САД.

Г-дин Олифант е парламентарен секретар на Министерството за надворешни работи и секако е свесен колку овој израз е навредлив за Македонците, но сепак реши да го употреби. По неговиот контроверзен говор, многумина од собраните Македонци му објаснија дека изразите „Северна Македонија“ и „Северномакедонци“ се навредливи за нив, но господинот Олифант одговори дека „така сега ве признава владата на Канада“.

Замислете да ви кажат дека вашето име и етнички идентитет се засновани на надворешната политика на некоја влада. Само-определувањето и само-идентификувањето се основни човекови права кои би требало да бидат основа на канадското и на меѓународното право.

Со цел да ја принуди Македонија да влезе во НАТО, земјите членки на НАТО предводени од САД и поддржани од владата на Трудо на Македонија и наметната преименување (преку иронично именуваниот „Преспански договор“) со цел да се исполнат барањата на Грција, која се закануваше дека ќе стави вето на приемот на Македонија во НАТО доколку името не биде сменето. Оваа шокантна тактика, претставена во колумна на ММДЧП што ја објави Канадскиот журнал за надворешна политика, вклучуваше апсења, претепувања, кршење на македонскиот кривичен законик, на Уставот, собранискиот деловник, поткуп, принудно задржување, закани против членови на семејствата на политичарите – при што жените беа особено на удар.

На настанот во Торонто, познат како Гоцева Вечер, претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада Драги Стојковски му објасни на Олифант дека Македонците потекнуваат од сите делови на распарчената Македонија (поделена во 1913 година меѓу Србија/Југославија, Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија), а не само од Република Македонија (која прогласи независност од Југославија во 1991 година). Ова принудно преименување се одразува врз сите Македонци, а актуелните и менливите граници не ја определуваат нивната етничка припадност, поради што изборот на терминологијата на господино Олифант не е само дискриминирачки туку и фактички неточен. Олифант саркастично одговори „ви благодарам професоре Драги“. Сите Канаѓани заслужуваат да имаат подобри политичари кои ќе ги претставуваат своите гласачи. На крајот, господинот Стојковски побара Олифант да одржи дополнителна средба со претставници на македонската заедница. Олифант и неговата канцеларија го игнорираат ова барање.

Бил Николов, претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, му опиша на г-дин Олифант колку македонската заедница во Канада е згрозена од неговите ставови, како Македонците (во Македонија и низ светот) целосно го отфрлаат принудното менување на нивното име, идентитет и историја, и бруталните тактики кои беа употребени против Македонците во овој процес. Николов ја сподели и преписката со вицепремиерот Кристиа Фриланд и нејзините советници за надворешни работи додека беше министер за надворешни работи. Олифант одговори: „Јас сум свесен за вашето мислење и ја прочитав вашата забелешка до поранешната министерка за надворешни работи. Ќе продолжам да постапувам во согласност со начинот на кој нашата влада ја признава Република Македонија и да ја почитувам одлуката која што ја донесе нејзиниот народ во врска со името кое си го одбраа“.

Господинот Николов одговори дека „Македонскиот народ беше и останува обединет во спротиставување на промената на името која и беше наметната на Македонија. Не може да постои „договор“ со кој се редефинира цела една етничка заедница според барањата на нејзините угнетувачи. ММДЧП ги брани сите етнички заедници кои се соочени со омраза и очекуваме и ние да бидеме третирани на ист начин, но очигледно е дека тоа нема да го добиеме од вас. Вие имате инструкции од вашата партија да го користите овој навредлив израз, но дали би се осмелиле да користите навредлив израз за друга етничка група од политички причини? Замислете да им се обратите на Првите народи со изразот ‘црвенокожци’ само затоа што истиот израз го користи американски фудбалски тим? Не ни треба влада која ќе ни диктира кои сме и што сме“.

Со неприфатливото тврдење дека Македонците доброволно се согласиле да се откажат од својот идентитет, г-дин Олифант и Либералната Партија на Канада признаа дека практикуваат расизам и говор на омраза. За жал, ова не беше изненадување, имајќи предвид дека ги поддржуваат честите агресивни тиради напоранешен пратеник на Либералната Партија Џим Карајанис – изнесени пред камера – против Македонците. (погледнете ги сториите на Асошиејтед Прес и Си-Би-Си за тоа како ММДЧП го разоткри Карајанис).

Многу етнички заедници им дојдоа на помош на Македонците во време на инцидентите предизвикани од Карајанис, но сега, повторно ги повикуваме сите Канаѓани да се обединат против расизмот и говорот на омраза, и да ни помогнат да го заштитиме парвото на Македонците да постојат и да бидат тоа што отсекогаш биле – Македонци. ММДЧП и Обединети Македонци бараат политика на нулта толеранција кога омразата се шири против било која етничка група. Ги повикуваме сите политички партии да ни се придружат – вклучително и членовите на Либералната Партија кои се спротиставуваат на политиката на нивната партија и да се заложат за заштита на основните човекови права – вредности кои Канада некогаш ги застапуваше.

— Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125[email protected]www.mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRights#НашетоИмеЕМакедонија

— Организацијата Обединети Македонци од Канада е најстарата и најголемата македонска национална и културна органиација во дијаспората. Нашата мисија е да го промовираме националното единство на Македонците ширум светот. За повеќе информации: 1-416-823-6520, [email protected]www.unitedmacedonians.orgfacebook.com/unitedmacedonianscanada

Loading...

Related posts

Leave a Comment