Свет

Макрон е уверен во европската иднина на Русија по средбата со Путин

 

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази уверување дека иднината на Русија е врзана со Европа по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин во тврдината  Брегангон.

„Убеден сум дека иднината на Русија е целосно поврзана со Европа. Ние веруваме во Европа што се протега од Лисабон до Владивосток“, напиша тој на својот профил на Твитер во вторникот.

Макрон истакна дека разговорите со Путин, исто така, се фокусирале на ситуацијата околу сибирските пожари и одмрзнување на пермафростот во регионот. „Русија се бори со погубните последици од климатските промени. Драго ми е што одлучи (да започне) ратификувањето на Парискиот договор за климата, што е значаен симболичен потег и ние треба да го следиме тој курс“, истакна тој.

Покрај тоа, двајцата лидери „изразија посветеност“ за создавање долгорочна стабилност во Либија и враќање на редот во земјата. Што се однесува до сириското прашање, Макрон ја истакна потребата од итен прекин на огнот во провинцијата Идлиб, во согласност со постигнатите договори на состанокот во Сочи на 17 септември 2018 година.

Разговорите меѓу претседателите на Русија и Франција траеја повеќе од два и пол часа. Не беа планирани официјални изјави за печатот по состанокот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!