Свет

Малезија: Нема доволно докази дека Русија е виновна за соборувањето на МХ17

 

Нема доволно докази за да се обвини Русија дека е одговорна за уривање на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина во 2014 година, а заклучоците на истражниот тим предводен од Холандија не изгледаат „сосема како што треба“, рече премиерот на Малезија, Махатир Мохамад.

– Да, се сомневаме во вината на Русија. Но, јас немам роднини кои умреле таму. Јас немам право на никаков надомест. Ова го гледам како надворешен набљудувач и некои од наодите на истражниот тим  за мене и многу луѓе во Малезија не звучат  сосема исправно – рече Махатир.

Малезискиот премиер даде интервју на маргините на Источниот економски форум во Владивосток.

Тој истакна дека сегашните докази се „недоволни“ за да се идентификува одговорната страна и истакна дека за него е „многу тешко“ да прифати дека истражниот тим е во состојба да утврди кој ја испукал ракетата и го срушил авионот.

– Не се сомневам во нивната искреност. Но, постојат некои работи што тие ги тврдат  се тешко прифатливи за нас . Идентификација на ракетата- добро. Областа каде се случи – може да се потврди. Но, да се утврди кој точно пукал, кој го сторил тоа – тоа би било многу тешко во вообичаени околности – рече Махатир.

Авионот со ознака „МХ17“ беше соборен на 17 јули 2014 година. Сите 298 луѓе во авионот загинаа, вклучувајќи и 193 холандски државјани.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!