Фудбал

МАМА МИА ПОРКА МИЗЕРИЈА: АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРАЈКОВСКИ ГИ ПОТОПИ НЕРО АЗУРИТЕ!

Македонија направи сензација среде Палермо, ја победивме Италија на нејзин терен и дојдовме на само еден чекор до пласман на Светското првенство.

Александар Трајковски е херојот на Македонија, со негов погодок во судиското продолжение го направивме овој историски успех.

Италија беше голем фаворит на овој натпревар, доминираа на теренот, напаѓаа, но на крајот ние се радувавме.

Македонската репрезентација длабоко се бранеше, одлично оделевавме на нападите на Италија кои беа во голем број, не не беа опасни на почетокот.

Првата вистинска шанса Италија ја имаше во 29. минута кога Димитриевски му подари една топка на Берарди, кој биеше од одлична позиција, но македонскиот голман си ја порави грешката и го одбрани удрот на Италијанецот.

По таа шанса Италија почна да станува поконкретна, Димитриевски одбрани уште еден удар на Берарди, а потоа и шут на Инсиње од голема далечина.

Македонската репрезентација единствената шанса во првото полувреме ја имаше во самиот финиш, Трајковски биеше од 25 метри, Донарума го одбрани неговиот удар.

Во второто полувреме продолжија нападите на Италија, првата шанса ја имаа преку Берарди, но Столе Димитриевски го одбрани неговиот удар. Две минути подоцна Берарди имаше уште еден опасен шут, овојпат крај нашиот гол.

Во 58. минута Берарди имаше уште еден обид, овојпат биеше над голот од идеална позиција. Потоа се заканивме и ние, Трајковски шутираше преку голот на Донарума.

Италијаните со сите напори се обидуваа да го решат натпреварот пред крајот на регуларниот дел, но во 92. минута следуваше шок. Трајковски постигна прекрасен гол од далечина и донесе, голема, голема победа за Македонија.

Во финалето Македонија ќе игра против Португалија во Лисабон. Тие денеска ја совладаа Турција со 3-1.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!