Тенис

Мареј: Нема да го шутирам Новак додека лежи на подот

ВЕСТИТЕ во случајот со Новак Ѓоковиќ ги коментираше и Енди Мареј, трикратен победник на Грен слем турнирите и некогаш првиот тенисер на светот. Да потсетиме, на српскиот тенисер повторно му беше одземена визата за влез во Австралија, а без неа нема да може да настапи на Австралија опен, турнир кој го освои рекордни девет пати.

Ситуацијата не е добра, но нема да го шутирам Новак додека лежи на подот.Јас пред некој ден реков дека ова не му користи на никого.Жално е што се завршува вака,но кој знае?Не знам што следува во Овој процес. Не знам кој е неговиот пат, дали може да се жали, колку време ќе потрае и дали воопшто може да тренира и да настапи на турнирот додека процесот е во тек“, рече Мареј, додавајќи:

“Не знам ништо од тоа. Се разбира, би сакал да се реши, тоа би било добро за сите. Впечатокот е дека ова трае долго. Не е добро ниту за тенисот, ниту за Австралија опен или за Новак. Исто така, многу луѓе ја критикуваа и австралиската влада. Тоа не е добро“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!