Свет

Марин Ле Пен: Крим е Руски

Ле Пен зборуваше за статусот на Крим

 

Француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен зборуваше за статусот на Крим во кој го повтори својот став за полуостровот од 2017.

„Референдумот за влезот на полуостровот во Русија беше легитимрн, можеме да го оспориме, можеме да не се согласуваме, но никогаш немало воена инвазија на Крим“, рече таа за радиото France Bleu.

Ле Пен рече дека Крим сè уште го смета за руски и не жали поради забраната за посета на Украина.

Во 2017 година, таа истакна дека „припадноста на Крим на Украина беше само административно прашање од советската ера, полуостровот никогаш не бил украински“.

Крим стана руски регион по референдумот одржан таму во март 2014 година: мнозинството жители гласаа за повторно обединување со Русија.

Related posts

Leave a Comment