Свет

Во Германија, маслото за јадење се краде како виски!

Маслото за јадење стана сè попосакувана роба во Германија, која често е тешко да се најде на полиците, па беше цел и на крадци.

Поради војната во Украина, сончогледово масло во продавниците во Германија во раните утрински часови било украдено, а поради проблеми со испораките недостига и во угостителството. цената за него често оди и до 5 евра.

Ова го забележале криминалците и откриле нов извор на приход во маслото.

-Крадат масло како виски – се дел од коментарите.

Така минатиот викенд во Бад Ланхгенсалц полицијата уапсила крадец кој украл 70 литри масло за јадење.Полицијата, како што беше соопштено, го затекнала 51-годишниот човек како турка неколку канистри со вкупно 70 литри масло во инвалидска количка.

На распитот признал дека маслото го украл од магацин на ресторан во раните утрински часови.

Полицијата потоа го принудила да му го врати маслото на сопственикот и против него поднесе кривична пријава за „тешка кражба“.

Related posts

Leave a Comment