Свет

Марк Еспер : Кинезите нè измамуваа, не им верувам ниту сега

Američki ministar odbrane Mark Esper

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер, изјави денеска дека верува оти кинеските водачи нè измамувале и дека не биле транспарентни во врска со епидемијата на вирусот Корона, кој настана таму, и дека не верува дека и сега се искрени.

Продолжувајќи ги критиките кои ги изнесе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Еспер за НБС програмата „Тудеј“ изјави дека е тешко да верува во информациите од кинеската комунистичка партија, пренесе Ројтерс.

– Тие нè измамуваа, не беа транспарентни уште од првите денови на вирусот. Затоа, не верувам дека тие ни ја кажуваат вистината дури и сега “, рече Еспер.

Loading...

Related posts

Leave a Comment