Колумни

Марша Рамало : Од Русија со љубов

Од Русија со љубов – од Марша Рамало 30 март 2020 година

Секоја пара има две страни. Погледнуваш во неа и потоа во небото чие длабоко синило го гледаш. Јасно синило кое носи одмор. Улиците се празни, нема чад од брзање кон бесполезни дестинации. Родителите си играат со своите деца на безбедно, продавниците сe полни со овошје и зеленчук, срeдства за смирување за слабите и лекови за болните, никој не е киднапиран, ограбен или прободен со нож.

Се читаат книги, се играат игри. Единствената тажна нота е копнежот кој го чувствуваат дрвјата и тревата во парковите, настрана од нашите размисли и смеа. На една страна од парата се мноштвото вести, исплукани од телевизијата, „речиси 4 милијарди во карантин низ светот“, паниката на неинформираните, подложувањето на опасни вакцини, дезинформациите и контрадикторностите во социјалните медиуми, лажните криви за проектирање на заразените, цифри за билансот на мртви и хоспитализирани кои никогаш не можат да бидат ставени под прашање, неизвесноста на траењето на карантинот и изгледите да продолжи „за уште некоја недела“, ургентноста на лабораториите да развијат тестови и лекови за да профитираат од исплашените луѓе, берзата чија навигација е како лажен Титаник кој бара непостоечка санта мраз и уривање полошо од 9/11 и 2008, низвесноста за работните места и платите, вестите за бесполезноста на маските, казнувањата на луѓето поради тоа што не се држат на „социјално растојание“, лудите инструкции издадени од едно од пипaлата на светската влада, наречена СЗО, авионите кои Кина и Русија ги пратија во Италија (НАТО земја) да се борат со „епидемијата“, ненадејната наредба за целосен карантин, издадена од владата на Индија, градското собрание на Њујорк, и Москва, медиумската забрана на докторите кои ја знаат вистината, празнотијата на болниците и ургентните центри, лажните тврдења дека „ќе имаме милиони случаи“ и „меѓу 100 000 и 200 000 починати“, продолжувањето на инструкциите за корона вирусот до 30 април, економската криза, милионите изгубени работни места, познатите лица кои изведуваат патетични сцени на твитер или инстаграм или праќаат кодирани пораки на пријатели педофили, либералите и Длабоката држава кои спроведуваат моќни кампањи против политичките противници, населението кое мисли дека ќе биде нападнато или ќе ги изгуби граѓанските права, луѓето мравк0и смачкани од невидливи непријатели, гладни за крв.

А од другата страна на парата? Што ако има таен кабинет за криза кој мирно ја набљудува состојбата преку огромни глобални центри за контрола, давајќи наредби на претседателите и премиерите во планирани и последователни бранови за затворање и контролирање на нивните соодветни градови и земји за доброто на сите нации, и покрај хистеријата на Длабоката држава и контролираните корпорациски медиуми? Што ако родителите конечно ја добијат можноста да изберат здрава настава дома за нивните деца? Што ако луѓето почнат да садат градини со зеленчук во нивните домови или одлучат никогаш повторно да не го напуштат животот на село? Што ако вестите дека „билансот на смртта во Италија надминува 10 000, со повеќе од 92,000 заразени” можат да се преведат како „бројот на криминалците, убиени во Италија надминува 10 000, со повеќе од 92,000 затворени”?

Што ако дури и вообичаениот број на починати се користи за да се обвини „корона вирусот“? Што ако во блиска иднина има околу 10 дена целосен мрак на интернет и во медиумите така што воените дронови подобро ќе можат да ги надгледуваат подземните вени на градовите, барајќи криминалци? Што ако Владимир Путин прати девет руски карго авиони II-76 со „воени“ стручњаци и големи камиони во воената база на Пратика ди Маре, близу до Рим, на барање на италијанскиот премиер Џузепе Конте бидејќи банкротираната земја е контролирана од скриена мафија и криминални синдикати, маскирани како модерни конгломерати и банки? Што ако „стручниот“ кадар, испратен од Кина и Русија е тим од специјални воени агенти – љубезни луѓе – со мисија да ги уништат криминалците и растурат криминалните мрежи, особено во Ломбардија, Пиедмонт и Емилиа Ромања? Што ако педофилската мрежа и трговијата со луѓе се на големо набљудувани низ светот, благодарeние на карантинот?

Што ако славните луѓе како Мадона, Трудо, Том Хенкс, Елен ДиЏенерес, кралските семејства и луѓето од Ватикан се притвораат дома или дури и во ГИТМО-ГВАНТАНАМО (Куба)? Ако Алек Болдвин, Андерсон Купер, Бен Афлек, Опра Винфри, Пол Мелон, Квентин Тарантино, Стивен Спилберг, Вил Смит, Барак Обама, Дејвид Кох, и Лин Форестер Де Ротшилд се на список на „веселите“ редовни летови и крстарења до островот на Епштајн ? Ако славните луѓе се во паника бидејќи нивните менаџери веќе не можат да им дадат инструкции? Што ако корона вирусот не бил создаден за да убива, туку само да ги исплаши луѓето? Што ако новосоздадените болници и мртовечници низ светот и списокот на починати се поврзани само со криминалците кои се прогонуваат и елиминираат? Што ако Москва ги истера Ротшилдови од Венецуела и сега ги поседува стратешките резерви на земјата и важната воена база во Јужна Америка? Што ако нема веќе злато за продажба поради огромната побарувачка? Што ако меѓународната монетарна спогодба Бретон Вудц од 1944 година, потпишана од 730 делегати од сите 44 држави сојузници, наскоро биде заменета со златото како стандард? Што ако Шарл де Гол и Ричард Никсон биле иста личност која барала прекин на конвертирањето на американскиот долар во злато и истовремено уништување на француските резерви со злато? Што ако целиот карантин во светот е активиран за добрите типови да можат да ги сменат системите, создадени од криминалните паразити од Длабоката држава, со нов меѓународен финансиски систем и нов интернет, покрај другите иновативни мерки?

Светот е повеќе од една двострана пара. Тој има многу димензии. Можете да живеете во темна соба, во подрум полн со глувци, или пак во соба во која сончевите зраци си поигруваат со висулците од кристалниот лустер, претворајќи ги во сјајни зраци на светлина. Секој човек мравка ја бира димензијата во која претпочита да живее и приказните во кои претпочита да верува. Животот впрочем е прашање на неколку минути пред вечноста и кусиот миг кога секој го пронаоѓа сопствениот крај. „Од Русија со љубов“ е текст напишан во воените камиони, пратени од Москва во Италија. „Со љубов“ има неколку значења на јазикот на руските „љубезни луѓе“.

Марша Рамало

Превод Сања Новаковиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment