Регион

МАСАКР ВО ЗАГРЕБ : Шест луѓе убиени, убиецот во бегство! ( ВИДЕО )

 

Загрепската полиција вечерва пронајде 6 мртви тела во загрепската населба Кајзерица, а според првите неофицијални информации, се трага по мажот кој го направил овој масакр.

Полицијата потврди дека вечерва во 21:30 часот, примиле извештај од граѓаните за пукање во Нови Загреб.

На местото на настанот, шест лица биле пронајдени мртви во еден дом на улицата Цимерман. Убиствата се извршени со огнено оружје, потврди полицијата.

По човекот инволвиран во убиствата се трага интензивно низ целиот Загреб.

Граѓаните сведочат за силното полициско присуство на улиците на Загреб, на сите клучни локации во градот. Полициските службеници се вооружени со долги автоматски пушки!. Голем број полициски специјалци во маскирна униформа се видени на паркингот на Саемот во Загреб.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!