Свет

Масовно убивство во Дарвин-Австралија,усмртени четири лица

 

Четири луѓе се убиени откако неидентификуван човек отворил оган на мостот “Палмс” во Дарвин, главниот град на австралиската северна територија.

Според весникот NT News, 45-годишен човек влегол во мотелот држејќи  пушка шатган. Тој застрелал повеќе лица од кои четири загинале а најмалку двајца се повредени. По убиствата напаѓачот избегал од местото на настанот, а подоцна отворил оган врз случани минувачи низ улиците на Дарвин. Весникот објави дека напаѓачот бил уапсен во полициска операција.

Двајцата повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба. Во меѓувреме заочна истрага на полицијата за мотивите и причините за масовното убиство .

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment