Регион

Масонска бура во Хрватска : Се бара оставка од државниот јавен обвинител

Хрватскиот јавен обвинител Дражен Јелиниќ припаѓа на масоните, јавуваат загребските медиуми. Министерот за правда, Дражен Бошњаковиќ, рече дека ја очекува неговата оставка, откако признал дека е масон.

Хрватскиот јавен обвинител Дражен Јелениќ призна дека е член на масонската ложа, но рече дека не размислува за оставка заради тоа. Јелиниќ за Н1 изјави дека тоа е правно конституирано здружение кое, рече тој, е посветено на подобрување на општеството, пренесува Танјуг.

На прашањето зошто станал член на масонската ложа, Јелиниќ рече дека еден пријател го поканил да им се придружи и дека тоа го импонирало .

„Со оглед на мотото дека само истакнати луѓе можат да станат членови на масонската ложа, морам да признаам дека во тој момент, ме импресионираше тоа  дека некој ја препознал мојата стручност, работа, професионална посветеност и дека на овој начин можев да придонесам во работата на здружение кое е посветено на подобрување на општеството, заедницата, почнувајќи од семејството, околината во која живеете и, конечно, Република Хрватска, или татковината “, рече Јелениќ, пренесува Хина.

Хрватската јавност го доведува во прашање кредибилитетот и непристрасноста на јавниот обвинител како член на масонската ложа, откако се најде под истрага за уцените врз офталмологот Никица Габриќ, основач и директор на Специјалната болница за офталмологија „Светлост“, исто така масон.

Под сомнение дека извршиле обид за изнудување, во петокот полицијата во Загреб уапси тројца новинари на неделникот 7 Дневно.

Тие беа уапсени под сомнение дека го уценувале Габриќ, барајќи му околу 27.000 евра, што тој би ги платил преку реклами во нивниот весник, за да не објавуваат фотографии од церемонијата на масонската ложа на која тој и припаѓа. Тој, наводно, ја одбил понудата и поради тоа беа објавени серија текстови кои го нарекуваат шеф на масонската ложа.

По признавањето дека е член на масонската ложа, Јелиниќ им рече на новинарите дека Габриќ се обидел да влијае на текот на истрагата против тројцата новинари, од кои еден е исто така масон, објави Н1.

Министерот за правда очекува негова оставка 

На прашањето дали со јавното соопштение дека е масон му наштетил на угледот на институцијата на чие чело се наоѓа, Јелениќ рече дека не. 

„Не мислам така, затоа што ја завршив мојата работа пред, во текот на овој ден и денес, легално и исклучиво според законот“, рече Јелениќ, додавајќи дека немало никаков услов за некого заради членство  во масонската ложа.  

Министерот за правда, Дражен Бошњаковиќ, рече дека очекува оставка од Јелениќ откако призна дека е масон, пренесува Индекс.

„Членството во такво здружение на граѓани е неприфатливо, иако е регистрирано со закон. Сепак, неговите активности се под превез на тајност ” изјави Бошњаковиќ по седницата на потесниот кабинет на владата.

Тој им потврди на новинарите дека разговарал со Јелениќ, велејќи дека очекува негова оставка.

Поранешниот шеф на Комисијата за судир на интереси, адвокатката Далија Орешковиќ, вели дека членството на Јелениќ во масонската ложа ја загрозува позицијата на обвинителството.

„Главниот проблем на јавниот обвинител е неговиот хроничен недостаток на самосвесност, цврстина и став. Ако е точно дека тој е член на масонската ложа, совршено се вклопува во таа слика“, рече Орешковиќ. 

Loading...

Related posts

Leave a Comment