Свет

Матео Ренци ја шокираше јавноста : 12 милиони Италијанци заразени со коронавирус (ВИДЕО)

Италија

Шокантна изјава на поранешниот италијански премиер.

Во Италија 12 милиони луѓе се заразени со вирусот корона, изјави поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој се заложи за повторно  ,,отварање на земјата,”.

Ренци, кој беше на чело на италијанската влада од февруари 2014 година до декември 2016 година,  во живо вклучување на својот Фејсбук профил даде свое видување за ситуацијата. Тој ги наведе проценките на епидемиолозите дека помеѓу 10 и 20 проценти од населението во Италија е заразено, но не развило симптоми.

– Тоа значи дека меѓу шест и 12 милиони Италијанци се заразени. Овие луѓе имаат развиено антитела и можат да живеат поинаку. Значи, треба да разбереме колку луѓе се навистина заразени – рече Ренци, повикувајќи на масовен тест за да се утврди кој го прележал вирусот.

Поранешниот претседател на Демократската партија, една од најголемите партии во Италија, рече дека треба да се размисли за постепено укинување на карантинот и отворање на земјата, јавуваат италијанските медиуми.

Како што објасни , „ се приближуваме кон окупациски масакр и не можеме да ја чекаме  вакцината затворени во домовите“.

Тој додаде дека треба да се спречи „убиството на секторот услуги, туризмот и производството“.– Ни требаат конкретни предлози. Ако не работите, не носите пари дома. Можеби нема да умрете од Ковид-19, но ќе гладувате. Не можеме да се заклучиме во куќите две години, тоа не можеме да го издржиме економски – рече меѓу другото поранешниот италијански премиер.

Loading...

Related posts

Leave a Comment