Свет

Медведев: Европа ги отфрли своите еколошки вредности и ја прифати валканата американска енергија

Медведев: Западот нема да успее да ја превоспита Русија

Европејците се откажаа од своите еколошки вредности и прифатија нова валкана енергија, напиша поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев на својот Телеграм канал.

Тој истакна дека Вашингтон долго време се бори за европскиот енергетски пазар и е подготвен да „забиее заби“ во него. Меѓутоа, во последниве години, тоа беше многу попречено од политиките за чиста енергија во Европа и реториката за одржлива енергија, додаде Медведев. „Сега е време Америка да ги сврти работите и да заработи големи пари под изговор дека ќе ги здружи силите во борбата против „крвавиот режим“ во Русија со снабдување на Стариот свет со највалканата нафта и гас во светот“, напиша тој. „Кој повеќе се грижи за глобалното затоплување и целите за одржлив развој прогласени во ОН?“, саркастично праша сојузникот на Путин.

Медведев додаде дека Европа, бидејќи ги отфрла руските енергетски ресурси, ќе мора да се откаже од своите зелени идеали. „Неверојатно е како Европејците, без да размислуваат ни секунда, плукнаа по сите свои „непоколебливи вредности“ од последните децении, сите „глобални предизвици и закани“ и се упатија кон нова среќа: нова валкана енергија“, рече актуелниот руски потпретседател на Совет за безбедност на Русија.

Ерата на лесно достапна нафта и гас во САД заврши. Копањето станува сè подлабоко, а методите на екстракција стануваат сè поенергетски интензивни и поскапи. Гасот и нафтата се повеќе се извлекуваат од шкрилци со хидраулично кршење, а тоа е процес на дробење карпи со помош на хидраулична течност под многу висок притисок. Тоа е метод кој остава штетни еколошки последици. Таквиот гас потоа се прочистува и во голема мера се лади (дополнителна енергија) за да се транспортира во течна форма до дестинацијата, најчесто со брод.

Related posts

Leave a Comment