Свет

Медведев: „Лиз Трас е неспособен русофоб“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека новата премиерка на Велика Британија, Лиз Трас, ќе биде неуспешна и и предвиде „срамно заминување, како нејзиниот претходник Борис Џонсон“.

Според него, новиот премиер на Британија е „неспособна“, а ја нарекува и „русофоб кој нема елементарни познавања од политика, историја, географија, но сака да ја победи Русија во се“, пренесе РИА Новости.

„Нејзин модел е Маргарет Тачер, а таа не поседува ниту пет отсто од нејзините способности. Очекува надминување на енергетската криза и инфлацијата, што е резултат на нејзините санкции. Ќе се скара со сите, ќе уништи сè и ќе замине во немилост, исто како и нејзиниот претходник“, напиша Медведев на Телеграм.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!