Свет

Медведев: Русија нема да молчи на повампирувањето на неонацизмот во Украина

Дмитриј, Медведев

Москва нема да го толерира слепилото на оние кои не го забележуваат заживувањето на неонацизмот во Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Телеграм.

 

„Не можеме и нема да ја толерираме врескачката тишина, одвратното слепило кое не го забележува оживувањето на неонацизмот во Украина. И нема. “ „Во име на сеќавањето на нашите 27 милиони граѓани кои ги положија своите животи за да ја разбијат „кафеавата чума“, рече меѓу другото Медведев, пренесе Спутник.

Медведев го привлече вниманието на фактот дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен не го ни споменува СССР во својата „честитка“ по повод 77-годишнината од победата над фашизмот.

„Се сеќавам на фразата што му се припишува на маршалот Георги Жуков: Ги ослободивме и тие никогаш нема да ни простат за тоа“, рече Медведев.

Related posts

Leave a Comment