Свет

Меркел најавува задолжителна вакцинација од февруари 2022

Germany's Merkel, Jordan's king support Mideast ceasefire | Reuters

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го засилува притисокот врз невакцинираните луѓе во земјата.

Според документот на Канцеларијата до кој дојде Блумберг, Меркел препорачува на луѓето кои не се целосно вакцинирани да им се забрани да одат во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни.

Таа, исто така, повикува на задолжителна вакцинација против Ковид 19 почнувајќи од февруари 2022 година.

Предлозите се дел од мерките за кои Меркел ќе разговара на видео-конференција во четврток со Олаф Шолц, нејзиниот назначен наследник од СПД и актуелен министер за финансии, заедно со 16 германски државни лидери.

Шолц, кој следната недела треба да положи заклетва како наследник на Меркел, изрази поддршка за нејзините предлози.

Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега ќе достигне 6.000 до Божиќ, што ќе го надмине врвот за време на вториот бран на пандемијата минатата зима, изјави претседателот на DIVI Гернот Маркс за телевизијата ZDF.

Се додава дека болниците во Германија се соочуваат со „особено опасна ситуација“.

Околу 71 отсто од луѓето во Германија досега примиле барем една доза од вакцината.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!