Свет

Меркел ја советува Европа : Размислете за свет без американско раководство

Germany's Merkel Says Refugees Must Return Home Once War Over

Европските земји сериозно треба да размислат за нова реалност во која САД нема да покажуваат желба да бидат лидер во светот, рече германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за голем број европски медиуми, вклучително и „Гардијан“.

„Ние пораснавме знаејќи дека САД сакаат да бидат светска сила. „Ако САД сега сакаат да престанат да ја играат таа улога по сопствена волја, ние сериозно треба да размислиме за тоа“, рече Меркел .

Таа изјави дека американските сили во Германија помагаат да се заштитат не само европските земји членки на НАТО , туку и интересите на Вашингтон и вети дека ќе продолжи да го подобрува воениот потенцијал на Германија.

Канцеларката додаде дека постојат сериозни причини да остане посветеноста на НАТО и на „заедничкиот нуклеарен чадор“.

„Сепак, Европа треба да носи поголем товар (расходи) отколку за време на Студената војна“, рече Меркел.

Германската канцеларка претходно ги критикуваше САД. Меѓу другото, во септември минатата година, таа изјави дека Европа треба да размисли за сопствената безбедност, бидејќи САД нема да  ја штитат по автоматизам, како што тоа беше за време на Студената војна.

Related posts

Leave a Comment