Колумни

ВЛАДИМИР ТРАЈКОВСКИ : ,,БАЊАТИ”, НА 15 ЈУЛИ НА ИЗБИРАЧКИТЕ МЕСТА ДА СИ ЈА ПЕЕТЕ ОБИЏУКО ЈЕКЕ ЈЕКЕ А НИЕ ,,НЕБАЊАТИТЕ” ДОМА ЌЕ СИ ГО СЛУШАМЕ ТОНИ ЦЕТИНСКИ И ЌЕ НАВИВАМЕ ЗА ЃОКОВИЌ

Фотографија на Владимир Трајковски.

Ако нешто позитивно може да се каже за корона лудилото тоа е вадење на површината на сите скриени психотички состојби кај поединци и групи на плебсот кој без камшикот на камшикарот не можат самостојно да донесуваат одлуки што е полезно а што не за нивното битисување во овој господарско-ропски устроен свет.

Неспособноста за расудување оди дотаму да секој еден кој се дрзнал да ја користи главата за она кое што создателот ја створил(размислување), биде изложен на канонада од јавни напади по социјалните мрежи и во јавноста, само затоа што се посомневал во полезноста на вакцините, 5г мрежата и најпосле во месијанските зборови на супер-херојот Филипче.

Да ги запрашам едно бањатите? Кога Филипче говореше вистина? Кога ги затвори храмовите за Велигден како наводно би се спречило пренесувањето на вирусот или сега кога вели дека нема потреба од карантин и вонредни мерки и дека граѓаните слободно ќе можат да излезат на гласање на престојните криминално организирани избори? За споредба, за велигден имаше дестпати помалку заболени и починати отколку сега кога секојдневно се зголемува бројот на ново инфицирани и за жал починати. Зарем не го гледате конструктот на интереси бре Бањати? Или од многу бањање ви влегла сапуница во ушите и очите па сега ниту слушате ниту гледате дека вашите лидери ве водат на кланица како велигденски јагниња!

Нели ги гледате преочигледните двојни аршини. Зарем не ви е ни најмалку сомнително како одеднаш во САД истите оние кои врескаа на цел глас дека мора да се остане дома по секоја цена за да се избегне ширење на заразата, сега се најгласни во повиците да се излезе масовно на улиците и да се прават безредија кои за крајна цел имаат симнување од власт на претседателот Трамп под закрилата на барање правда за убиството на афроамериканец од страна на полицијата.

Одеднаш сега ви е ок да одите на предизборни митинзи, да посетувате партиски штабови, демек Филипче рекол бидете без гајле безбедно е, а штом Филипче тоа го кажал значи дека и вирусот се согласил да не ги напаѓа партиските штапци, небаре Филипче и Ковид-19 имале писмен договор за такво нешто.

Сега без никаков проблем се собирате во поголеми групи кои на денот на избори ќе прераснат во реки партиски послушници, игнорирајќи го фактот дека до само пред една недела сето тоа беше незамисливо.

Вам ви се може се, а дали се сеќавате како на 31 мај кога група на самомислечки граѓани се собра пред владата да го изнесе своето со устав загарантирано право на став вие реагиравте?

Ги нападнавте луѓето со најпогрдни зборови заборавајќи дека се ваши соседи, роднини,пријатели. Ги направивте луди, ги праќавте во Демир Хисар, баравте нивен линч за кој обвинителството ви удоволи и пред два дена реши вашите роднини од кои така лесно се откажавте да бидат казнети со по 2000 евра. Извинете неможам а да не ве споредам со толпата евреи кои од Пилат бараа спасителот да биде распнат. ,,Бањати”, рацете ви се крвави.

И, ќе одите на избори? Не очекувам од вас искрено поинаква одлука. Зависници сте од садомазо игрите на вашите камшикари па доколку бидете спречени да излезете на избори би ви се ускратил адреналинот кој ви го пружа камшикот. Вам послушници не ви смета ни фактот дека овие избори се организирани на крајно незаконски и криминален начин каде што на три регистрирани политички субјекти им е ускратено правото за учество на ибори. Не ви пречи ниту фактот дека на иллјадници граѓани кои во меѓувреме наполниле 18 години ќе им се ускрати правото да бираат и да бидат бирани. Вам ви е битно само вашата партија да се домогне до власта како вие би добиле по некое трошче од трпезата на која вие никогаш нема да бидете удостоени да седнете.

На денот на изборите ви преостанува само да си стоите мирно во редица и да си ја пеете Обиџуко Јеке Јеке и да ги избришете од вашите профили Тони Цетински и Новак Ѓоковиќ кои се небањати лудаци кои се осмелиле да имаат поинаков став за короната и 5г мрежата од вашиот кој впрочем и не е ваш туку наметнат од вашите вождови, затоа што вие оддамна сте ја изгубиле способноста за расудување.

Владимир Трајковски

Фотографија на Владимир Трајковски.

Авторот е член на претседателството на партијата Родина Македонија

Related posts

Leave a Comment