ПолитикаРегион

Метју Палмер е назначен за специјален претставник на САД за Западен Балкан

 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го назначи заменикот помошник-секретар Метју Палмер за свој специјален претставник за Западен Балкан, кој ќе ги предводи напорите на САД за зајакнување на нивниот дипломатски ангажман за поддршка на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

Како специјален претставник, Палмер ќе отпатува за Словенија  на 1 септември за да присуствува на Стратешкиот форум во Блед. Тој, исто така, ќе ги претставува Соединетите држави на состанокот на Квинт Балкански директори во Брисел и ќе присуствува на состаноците во Виена и Подгорица, од 4-10 септември.

Покрај тоа што работи како специјален претставник на секретарот, Палмер ќе продолжи да работи како заменик помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања, позиција што ја завзема од 2018 година.

Претходно, тој беше директор на Кабинетот за Југо-централна Европа.

Цитирајќи неименувани извори, американскиот весник за надворешна политика објави дека Палмер се очекува да ја преземе улогата на американски посредник во дијалогот Белград-Приштина.

„Во обид да го возобнови закочениот дијалог помеѓу Србија и Косово, Стејт департментот се очекува да назначи нов специјален пратеник за Балканот, чија цел е да се стави крај на долготрајниот спор во Југоисточна Европа“, напиша Журнал.

Related posts

Leave a Comment