Свет

МИЗИНЦЕВ: КИЕВ ПОДГОТВУВА МОНСТРОЗНИ ПРОВОКАЦИИ СО НАПАДИ ВРЗ ЦРКВИ ЗА ВЕЛИГДЕН

РУСИЈА има оперативни податоци за провокациите што Киев ги подготвува за Велигден, изјави денеска шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев.

Киевскиот режим, со поддршка на голем број западни земји, ги завршува подготовките за монструозни провокации со бројни жртви во регионите Запорожје, Николаев, Одеса, Суми и Харков. Во овие региони, вечерта на Велигден (24 април) е планирано да се пукаа од минофрлачи врз православните цркви за потоа да се обинат руските воени лица за масакр на цивили“, рече Мизинцев.

Мизинцев кажа дека ги повикале Обединетите нации, ОБСЕ, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите меѓународни организации веднаш да влијаат врз режимот во Киев за да се спречи оваа, како што вели, нечовечка провокација, која ги игнорира сите морални норми и меѓународното хуманитарно право.

Како што дополни, Киев планира да привлече голем број новинари од западните новински агенции да снимаат за наводните „руски ѕверства“ и веднаш да шират лажни вести.

„Ние однапред ги предупредуваме земјите од цивилизираниот Запад, предводени од Соединетите држави, дека Руската Федерација има оперативна база на докази за претстојните страшни злосторства на режимот во Киев“, заврши тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!