Свет

МИЗИНЦЕВ ПРЕДУПРЕДУВА: Неонацистите планираат да кренат во воздух брана во Одеса

НЕОНАЦИСТИТЕ ја минирале браната Хаџибеј во Одеса по наредба на гувернерот и планираат да ја кренат во воздух, тврди шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Руската Федерација, генерал полковник Михаил Мизинцев.

Генералот на прес-конференцијата рече дека поради тоа густо населените места заедно со мештаните ќе бидат во зона на поплави и оваа одлука ја нарече „луда“.

Тој додаде дека неименуван претставник на Државната служба за вонредни состојби на Украина се обидел да го спречи спроведувањето на тој план, но грубо и остро бил принуден да се повлече, па дури му се заканувале и со ликвидација, пренесува РИА Новости.

Мизинцев рече и дека пловечките мини поставени од Украина во Црното Море ќе стигнат до територијалните води на Романија за четири дена, а во Бугарија за десет дена.

Руската Федерална служба за безбедност претходно соопшти дека по почетокот на руската операција, украинската армија поставила околу 420 мини на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.

Related posts

Leave a Comment