Здравје

Милена Николиќ Симоновска: Вистината за Ковид 19 и вирусите во интерпретација на германскиот вирусолог Стефан Ланка

Stefan Lanka: "Los virus no son microbios y no tienen capacidad infectiva" — DSalud

Заблудата за поимот вирус е срцето на операцијата Ковид, бидејќи без концептот на Микробната теорија и без хорор приказната за вирус прикажан како убиец, повеќето луѓе не би го купиле официјалниот наратив и пропагандата за КОВИД во режија на NWO. 

Германскиот вирусолог д-р Стефан Ланка, победи во историско дело во 2017 година на Врховниот суд во Штудгард. Ланка докажа дека морбили не е болест предизвикана од вирус, Прочитајте овде

“Заблудата наречена вирус” ја објаснува историјата за тоа како мејнстрим науката тргнала ужасно погрешно со своите заклучоци (навистина претпоставки) со демонизирање на вирусите и лажно препишување патогеност.

“Приказна за вирус убиец, изгледнетост на клетките и токсифицираност”

Главната поента на Ланка во текот на написот е следново: кога современите научници работат со заболено ткиво, тие мислат дека присуството на вирус ја предизвикува болеста, наместо да презентираат дека ткивото е отсечено и изолирано од неговиот домаќин, а потоа врз него се налеваат антибиотици и дека ова одвојување и таквиот отров го прават заболено и го убиваат, наместо каков било вирус. Ланка пишува:

“..Сите тврдења за вируси како патогени се погрешни и се засноваат на лесно препознатливи, разбирливи и проверливи погрешни толкувања.Сите научници кои мислат дека работат со вируси во лаборатории, всушност работат со типични честички од специфични ткива или клетки што умираат, а кои претходно биле подложни на специфични подготовки. Тие веруваат дека тие ткива и клетки умираат затоа што биле заразени од вирус. Во реалноста, заразените клетки и ткива умираат затоа што се изгладнети , отруени и заради подготовките за експерименти во лабораторија.”

“…Смртта на ткивото и клетките се одвива на ист начин кога воопшто не се додава “заразен генетски материјал”. Вирусолозите очигледно не го забележале овој факт. Според научната логика и правилата на научно однесување, треба да се извршат контролни експерименти. Со цел да се потврди новооткриениот метод на таканаречено “размножување на вирусот” – научниците мора да извршат дополнителни експерименти, наречени експерименти со негативна контрола, во кои тие ќе додадат стерилни матери во клеточната култура.”

“…Ваков контролен експеримент никогаш не бил извршен од официјалната наука до денес. За време на испитувањето на вирусот на сипаници, нарачав независна лабораторија да го изврши овој контролен експеримент и резултатот беше дека ткивата и клетките умираат поради лабораториските услови на ист ист начин како и кога ќе дојдат во контакт со наводен “заразен” материјал.”

Со други зборови, проучените клетки и ткива умираат со или без присуство на вирус на точно ист начин; затоа, вирусот не може да биде причина за морбидитет и морталитет.
Интересно, токму тоа го изјавија многу здравствени експерти, имено дека постојат две причини за заболување: нутритивен недостаток или токсичност. На пример, Шарлот Герсон (која го презеде управувањето со Клиниката Герсон од нејзиниот брилијантен татко Макс) го кажа истото ова за ракот.

Отстранувањето на клетките или ткивото од телото и на тој начин отсекувањето од нивното снабдување со енергија / хранливи материи, брзо ќе доведе до недостаток; инјектирање антибиотици во смесата доведува до токсичност. Така, нема доказ дека вирусот предизвикува болест кога веќе има недостаток и токсичност. Ова е клучната точка на заблуда за вирусите.”

Заблудата за вирусите го бележи својот почеток во 1858 година, а длабоко се вкоренува во 1954 година.

Стефан Ланка го следи развојот на заблудата за вирусите од1858 година во “Теоријата на клетките” на Рудолф Вирчов, кој предложи дека целото заболување и целиот живот потекнува од една клетка (која некако е киднапирана од вирус што ја ослабува и се пропагира себе).

Ланка посочува 2 проблеми:

“Теоријата на клетките настана само затоа што Рудолф Вирчов ги потисна клучните откритија за ткивата. Наодите и увидите во однос на структурата, функцијата и централното значење на ткивата во создавањето живот, кои веќе беа познати во 1858 година, сеопфатно ја побиваат клеточната теорија и последователните генетски, имунолошки и карцином терапии.”

Теориите за инфекции беа воспоставени само како глобална догма преку конкретни политики и еугениката на Третиот рајх. Пред 1933 година, научниците се осмелија да се спротивстават на оваа теорија; по 1933 година, овие критички научници беа замолчени. Под “Теории на инфекции” ја подразбираме “Теорија на микроби”, преовладувачката теорија на модерната западна медицина.

Ланка потоа опишува како се случила промена на парадигмата во перцепцијата на вирусот во периодот 1952-1954 година:

“До 1952 година, вирусот беше дефиниран како патоген отров во форма на протеин, кој како ензим предизвикува штета на непознат начин, што може да предизвика болест и да се пренесе. По 1953 година, година во која јавно беше објавена наводната ДНК во форма на наводен алфа хеликс, идејата за вирус стана малигнен генотип завиткан во протеини. Така, меѓу 1952 и 1954 година се случи промена на парадигмата во врска со сликата на вирус.”

Тој зборува за тоа како теоријата станува догма во црквата на мејнстрим науката (ака Скиентизам):

“..Овој целосно ненаучен пристап настана во јуни 1954 година, кога беше објавен ненаучен и побиен напис за шпекулации, според кој смртта на ткиво во епрувета се сметаше за можен доказ за присуство на вирус. Шест месеци подоцна, на 10 декември 1954 година, на главниот автор на ова мислење му беше доделена Нобеловата награда за медицина за друга подеднакво шпекулативна теорија. Шпекулациите од јуни 1954 година потоа беа подигнати на научен факт и станаа догма која никогаш не била оспорена до денес. Од јуни 1954 година, смртта на ткивото и клетките во епрувета се смета за доказ за постоење на вирус.”

Враќање кон постулатите на Кох:

“..Без изолација и без прочистување на вирус , заради што го опфатив терминот – операција КОВИД-19 за управување со лажна пандемија, не може да се докаже болест или да се наведе причина за болеста. Денешните мејнстрим научници ги прескокнаа сите важни чекори во постулатите на Кох , а првиот е изолација и прочистувањето на вирусот .За другите постулати нема потреба ни да почнеме да зборуваме , затоа што не е извршен првиот, основен. Ова не е нешто што можете да заборавите да го направите, или да наведете дека нема потреба од тоа. Ова е апсолутно квинтесенцијален дел за да се утврди дали има нов вирус , а потоа преку другите 3 постулати дали е предизвикувач на болест. Тоа е Sine qua non. Ако не можете да го изолирате, не сте успеале да докажете за што станува збор, односно да докажете дека не се работи за егзозом или честичка што ја произведува самото тело. Ова е причината зошто целата пропаганда на КОВИД се осветлува са фактот дека нема електронски слики од микроскоп на SARS-CoV-2, бидејќи електронскиот микроскоп е исклучително важна алатка во првиот чекор на постулатите на Кох, идентификацијата. Ланка продолжува:

“…Вирус никогаш не бил изолиран според значењето на зборот изолација и никогаш не бил фотографиран (црно бели фотографии, а не пропаганда со топките во боја, бликот на вирус не е округол) и биохемиски опишан како целина и единствена структура со сите негови физички и хемиски карактеристики. Електронските микрографии на наводните вируси во реалноста покажуваат прилично нормални клеточни честички од ткива и клетки што умираат, а повеќето фотографии покажуваат само компјутерски модел (CGI – компјутерски генерирани слики).”

..”Индивидуалните молекули се извлекуваат од честичките на мртво ткиво и клетки, тие погрешно се толкуваат дека се делови на вирус и теоретски се ставаат заедно во модел на вирус – (процесот на изнаоѓање консензус за случајот “вирус на сипаници – морбили” , во кој учесниците дебатираа со цел да се утврди што припаѓа на вирусот а што не, траеше со децении). Со новиот Кина Коронавирус 2019 (2019-nCoV, во меѓувреме преименуван), овој процес на изнаоѓање консензус трае само неколку кликања на глувчето.”

“..Исто така, со само неколку кликања, програмата може да создаде било каков “вирус” со тоа што ќе состави молекули на кратки делови од нуклеински киселини од мртво ткиво и клетки со утврден биохемиски состав, со што ќе ги распореди по желба во подолг генотип, за потоа да се прогласи за целосен геном на “новиот вирус”… Во овој процес на теоретска конструкција на “вирусна ДНК”, тие низи што не се вклопуваат се измазнуваат и се додаваат непостоечки. Така, измислена е ДНК секвенца што не постои во реалноста и која никогаш не била откриена и научно докажана како целина.

Во основа, мејнстрим кинеските научници кои работат според истата теорија како и мејнстрим западните научници, измислија нов теоретски модел за САРС-CoV-2 и прогласија нов коронавирус, сите без електронски микрографии со кои би дале издржана позадина.

Целиот овој процес има исклучително интересни паралели со темата фалсификат во вселената, без разлика дали е пропагиран од НАСА или вселенските агенции на други нации. Немаме проверливи слики на вируси; немаме проверливи цели (некомпозитни) слики на Земјата, или на многу други вселенски тела, како што се месечини, планети, итн. Наместо тоа, се реализирани со CGI и ни е кажано да не го доведуваме во прашање авторитетот. Дали е ова наука или ова е Скиентизам базиран на вера? До кој степен сме изманипулирани кога ни се одбиваат вистински фотографии од светот околу нас, и на микро и на макро ниво? Јас би се расправал во масовна мера.”

Нашиот недостаток на разбирање на вирусите, болестите, имунолошкиот систем, теоријата на теренот и многу повеќе е искористен од Биг Фарма за да се поттикнат опасните медицински интервенции како што се вакцините.

По прецизна научна анализа, се открива дека не само генската терапија за Ковид која ја нарекуваат вакцина, туку воопшто вакцините не се само апсолутно бескорисни туку се опасни за психо-физичкото здравје на човекот. Соодветната литература признава дека нема докази во нивна корист. За оваа тема постојат многу научни трудови, обемна литература , а секој родител е должен да биде сеопфатно информиран пред да донесе одлука која се однесува на здравјето на децата и на сопственото здравје.

 

 

Превод од :

Dr. Stefan Lanka 2020 Article Busts the Virus Misconception

Deep Down the Virus Rabbit Hole – Question Everything

COVID-19 Umbrella Term to Operate a Fake Pandemic: Not 1 Disease, Not 1 Cause

Toxic Vaccine Adjuvants & Ingredients: The Top 10

Click to access Paper-Virus-Lanka-002.pdf

 

Милена Николиќ Симоновска

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment