ФБ Статуси

Милорад Миленковски : Може ли народите наместо политичарите ги решат разликите меѓу Македонија и Бугарија?

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за решавање на ...

Може ли народите наместо политичарите ги решат разликите меѓу Македонија и Бугарија? Многу е подобро во кафана седнати да решаваме чив е Македонскиот јазик, историјата, јунаците, ќе дебатираме, ќе се испокараме, ќе се истепаме можеби и пак ќе седнеме да допиеме и ќе смениме тема. Така секогаш сме дискутирале…

Не можам да ги гледам овие гадови од политичари од таа страна, провидни, неинтелигентни али дрски и наметливи, баш покондурени сељачишта. Не можам да ги гледам ни овие “нашиве” – давајгазовци, без сопствено а камоли и национално достоинство. Се е на продажба затоа што тие ја гледаат оваа земја со својот нереализиран карактер на малодушни лузери, немајки чувство за љубов немаат ни чувство дека нешто лично губат, а притоа нивниот личен пораз се пресликува како пораз на цела една нација, кон која тие не се чувствуваат припадници, па и затоа поразот и не го чувствуваат.
Послушници, поданици, робови…своите карактери се отсликуваат како карактер на цел народ, па така и не гледаат однадвор. Во ниту една ситуација не го претставуваат ставот и чувствата на народот, туку служат на своите амбиции, да се биде власт по секоја цена, и по цена на страдањето на “сопствениот” народ. А за да се биде на власт треба да се биде послушник на странските дипломати…Такви правила воспоставија, со такви правила живеат, за нив тоа е во ред, се додека ги уживаат личните бенефити од тоа да се биде на позицијата на седнат во скут на секакви гадотии, непријатели на народот кој “го претставуваат”.
Чуден е овој ментален склоп…
Слабоста и бездушноста на Македонските политичари е очигледна. Не може да не ја приметат и најголемите лаици во политиката. Морковчето е ЕУ. Творевина која по излегувањето на Британија во реалноста ја изгуби атрактивноста, а и оние кои читаат историја знаат дека Британија не греши во своите стратршки одлуки. Британија – највлијателната Западно – Европска земја, си оди, а кај нас сеуште ентузијазам…
Тврдоглава глупост !
И сега не уценуваат со ЕУ !
Тоа е исто исто да ни велат “или нема Македонски јазик, или ќе се натртиме да не швргате со тенко стапче”
Каква прилика за оние кои ги боли ова прашање и кои знаат кои се Гоце, Јане, Даме, Питу…али и каква штета, овие не ги боли ништо, освен газето очигледно. Затоа наместо да швргаат пенали, повторно ќе го понижуваат народот на кои веќе не припаѓаат, од моментот од кога си дозволија да дебатираат за прашања како името, јазикот, идентитетот, историјата…
Ја’ зк изроди…од двете страни но од нашата далеку повеќе…Од другата немаат што да изгубат !

Loading...

Related posts

Leave a Comment