Колумни

МИРКА ВЕЛИНОВСКА: РУСИТЕ ПАК ГО ПОБЕДИЈА ЕВРО-АТЛАНТСКИОТ ФАШИЗАМ. РЕД Е МАКЕДОНИЈА ПАК ДА ГО УНИШТИ УВЕЗЕНИОТ ГЕНОЦИДЕН ТУМОР

Во Русија тукушто завршија парламентарните избори. Гледано низ призмата на историските последици, настанот и по сто и по илјада години ќе се оценува како катаклизмичен пораз на неолибералниот колективен западен фашистички империјализам, повторно од страна на антифашистичиот здраворазумски руски народ.

Јас и овојпат сакам да остане запишано дека војната што и беше објавена на Русија во ,,резолуцијата,, на соросовите платеници во таканаречениот европски парламент кои ги прогласија изборите за нелегитимни и нелегални уште пред да почнат, оставија уште една неизбришлива трага во времето за дегенаративната патологија на човештвото како вид.

По Куркската, Минската,Сталинградската и Московската битка во Втората светска војна, ете ја победоносната постмодерна антифашистичка битка на нормалното слободоумно и одговорно човештво. И овој планиран ,,блиц криг,, и оваа ,,барбароса 21,, заглавија во 11-те времнски зони на Русија. Безуспешни се покажаа и 40.000-те обиди за сајбератак диверзии од страна на ,,цивилизираниот ем демократски,, див запад.

Судејќи по планетарните реакции, проектот на ,,новиот светски поредок,, потона во мочуриштето со жив песок во кое ГРУПА ДЕГЕНЕРИЦИ сакаше да го удави здраворазумското човештво. Американци, Англичани, Германци, Французи, Канаѓани во огромен број им благодарат на Русите за нивниот здраворазумски и одговорен избор од кој ќе има полза целото човештво. Поголем комплимент и признание – здравје! Империјалниот свет на ,,ексепшенел Америка,, во 2021 година рокна како творба од лего коцкички. Со што во историска се претвори фасцинантно прецизната дијагноза на великиот германски канцелар Хелмут Кол кој ја опиша САД како ЏИН СО МОЗОК НА БЕБЕ. Јас само би дополнила дека бебево било тешко ментално оштетено уште во раниот стадиум на фетус.

Во рускиот парламент со волја на народот влегоа само пет партии (од многуте платенички регистрирани групировки) и серија автентични независни кандидати. Четирите се познати и нивниот помин кај избирачите, не е изненадувачки. Ама петата ,,НОВИ ЛУЃЕ,, стана хит изненадување и буквално го најави времето за пензионирање на старите и истрошени партиски концепти и ,,фосилизирани лидери,, кои транзитирањето го претворија во бесконечно паразитирање на медиокритети. ,,Новиве луѓе,, на пробирливиот и искусен руски електорат му прикажаа јасна, кратка и сконцентрирана партиска програма.

Се легитимираа како руска патриотска партија со социјални и развојни цели која не се продава за западни пари и која ,,пи арот,, го замени со теренска работа и комуникација со граѓаните во руските маала, месни заедници. Што ќе рече времето на слоганско агитирање и лажење го замени со директно општење со луѓето на терен, со активно слушање на животните искуства на тие луѓе, а не на митинзи, гага забави, реклами и поткуп со сендвичи и кафе. Гласачите кои се изнагледале се и сешто, ги препознаа новиве како автентични и вредни да добијат шанса за да ја докажат својата автентичност, а со тоа и да пораснат за во иднина.

И што е уште поважно, за нив гласале луѓе од малите, средните и големите градови од сите краеви на Русија. Мора да е гаден шокот на оние кои веруваат дека парите и пропагандата купуваат доверба и надеж. Јас тоа го нарекувам извирање од народот и работење за народот. Се покажува дека тоа останува најздрава и најдалекувида основа за здрава политика. Во Македонија тоа го докажаа првите дејци и основоположници на републиканското ВМРО, Во Југославија тоа го покажа и докажа изворната КПЈ во услови на војна со фашизмот и Македонија со Ченто и АСНОМ, како и првата поствоена генерација која од корен ја градеше разурнатата земја во три смени, доброволно и со полет. Значи, пак дојде времето за појава на нови, неучипени и некорумпирани дечки кои ќе се длабоко свесни за значењето на поимите чест, углед, интегритет и одговорност пред заедницата.

Е сега, пошто и во Македонија претстојат локални избори во организација на нелегитимна и нелегална власт поставена од фашистичкиот геноциден ем гангстерски див запад, живо ме интересира дали политичкиве ,,објети,, кои бескрајно долго не ,,цевчат,, низ транзицијава воопшто го разбираат армагедонот што го снајде нивниот евроатлански господар по чиј ретардиран ум тргнаа уште од денот на независноста на Македонија.

Се сомневам дека Лилјана Поповска, Тито Петковски, Стојан Андов или Павле Трајанов, Црпко Заев, Радмила ,,компир,, Шеќеринска и останата грантовско оросписка пушачка паразитски ориентирана тинк-тенковско-медиумска шиќишаана воопшто е способна да поими дека и дојде крајот. Секоја еволуција завршува со квантен скок (револуција де) во ново време. Никој нормален во Македонија овие зомбизирани примероци веќе не ги есапи за живи. Никој не им верува и никој нормален од нив на куп и поединечно не чекува ама баш ништо добро и корисно за македонскиот народ и неговата иднина. Новиве доаѓаат и во Македонија.

Ете ја Родина, ете ја Левица, а сигурно ќе се појават и други. Дали ќе умеат да ја искористат шансата, дали ќе знаат да ја оправдаат довербата, дали ќе умеат да ја охрабрат надежта и да ја одржат и зголемат мотивацијата на македонските избирачи зависи од нивната честитост, одговорност и самосвест.

Едно е сигурно: Заради пречките и сопките што им ги поставуваат етаблираните вампири и нивните од ЦИА дресирани специјалци во ДИК, судовите, НВО, лобистичките пропагандистички друштва уште пред изборите, убедена сум дека мртовциве им се плашат.
Затоа мотивирано ја ќе ја чекам првата пробна битка за доверба на автохтониот македонски колективен чувар.

М. Велиновска

Колумната е авторски текст за Слободен Свет и не е дозволено целосно превземање на истиот, освен дел со задолжителен хипер линк до оригиналот.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!

Related posts

Leave a Comment