Регион

МИСТЕРИОЗНА ПОСЕТА НА ПРИШТИНА – Стејт департмент : Витакер не ја претставува американската влада

Стејт департмент

 

„Метју Витакер, кој го посети Косово пред неколку дена, не ја претставува владата на САД и не е човек на американскиот претседател Доналд Трамп“, рече портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, објави приштинскиот весник „Експрес“.

Г-дин Витакер е само граѓанин. Тој не зборува во име на владата на САД “, рече Ортагус за Вајс њуз.

Витакер работел како државен обвинител на САД од ноември 2018 година до февруари годинава, а приштинскиот весник наведува дека тој е под истрага на ФБИ под сомнение дека е дел од компанија која извршила низа измами.

Related posts

Leave a Comment