Наука

МИСТЕРИЈА ОД Длабочината на Космосот: Научниците открија чуден сигнал од вселената! Ова не е прв пат, но никој не знае кој ни испраќа пораки!

 

Кинеските научници примиле необичен сигнал со помош на петстотини метри широкиот радиотелескоп ФАСТ.

Станува збор за сигнал составен од серија повторливи брзи удари  на „радио сигнали“ (FRB) кои доаѓаат од длабочината на вселената и  барем засега не можат да бидат објаснети од научниците.

 

 FRB Сигналите се многу ретки и од 2007 година кога беа забележани за прв пат, откриени се само околу сто. Тие се случуваат само еднаш, а потоа исчезнуваат, но кинеските научници тврдат дека минатонеделниот ФРБ е „познат од порано“.

 

 

Се наведувадека сигналот  FRB121102 е регистриран во 2012 година, а се вратил на земјата во 2015 година. Сигналот потекнува од џуџестата галаксија оддалечена три милијарди светлосни години од Земјата. Сега, помеѓу 30 август и 3 септември, ФАСТ го детектираше истиот сигнал со повеќе од 10 пулсирања.

 

Иако научниците не знаат од каде потекнуваат сигналите, тие не сакаат  да шпекулираат во толкава мерка дека станува збор за туѓа цивилизација. Сепак, мистеријата останува, а експертите работат на објаснување на феноменот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!