Македонија

Мицковски за српска Политика – ДПМНЕ се враќа на власт,но заборави да каже како тоа ќе го изведе

 

 

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била против договорот со Грција (името), туку оној кој го постигна Зоран Заев можеше да биде подобар, изјави во интервју за српскиот весник Политика, Христијан Мицковски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека неговата партија нема ништо против, ако Грција сака повторно да го отвори ова прашање, и додаде дека меѓународните партнери го поддржуваат овој договор, но дека за нив договорот е од второстепено значење.

“За нив би било прифатливо  се за што ќе се договориме”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски оцени дека Македонија и Македонците со овој договор изгубија многу и дека не постои македонец кој не се чувствува навреден и понижен од оваа постапка на премиерот Заев.

Мицкоски во интервјуто за политика наведе дека Заев потврдил дека нема капацитет да ја води земјата и дека, според тоа, не постои сомнеж за неговото заминување во опозиција и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

“Прашањето е само колку штета ќе биде направено и какви ќе бидат последиците и недостатоците што ние ќе треба да ги поправиме”, заклучил Мицкоски.

Како тоа Мицковски мисли да се врати на власт останува потполно нејасно затоа што со своите потези изминативе две години неговата партија повеќе наликува на коалициски партнер на СДСМ отколку на најголема опозициска партија.Зарем Мицковски мисли дека македонскиот народ му ги заборави осумте пратеници од редовите на неговата партија кои го овозможија законот за промена на името?Или Мицковски знае нешто што ние незнаеме,можеби следува награда од надворешните фактори за неговата ,,конструктивност,, ,за обезбедувањето цензус на претседателските избори,за одбегнувањето да го изговори името на својата земја?Епа Мицковски едно забораваш,надворешните фактори не гласаат на избори туку македонскиот народ кој не ги заборава претходнонаведените твои пропусти.

Related posts

Leave a Comment