Македонија

Мицкоски на баци рака кај новата американска амбасадорка Кејт Мери Брнс

 

За ВМРО-ДПМНЕ стратешки интерес  е членството на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, потенцирал лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на првата негова официјална средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс, која се одржа денес, се вели во соопштението до јавноста од оваа партија.

Во соопштението се вели дека Мицкоски на средбата нагласил дека за Вмро Дпмне пријателството меѓу Македонија и САД е од стратешко значење, изразувајќи надеж дека соработката во време на мандатот на новата амбасадорка на САД ќе оди во насока на подобрување на стратешките односи меѓу двете земји.

Средбата на Мицкоски и Кејт Мери Брнс се случи два дена пред закажаната лидерска средба на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го откажа своето учество откако премиерот Заев го одби неговото барање за предвремени избори.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!