Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : АГОНИЈА ПРЕД СМРТТА

CLSA not convinced by rally in oil and gold | Business Standard News

Почитувани како што сме сите сведоци дека во моментов се случува еден систем да биде заменет со друг систем. Либералниот капитализам е веќе во клиничка фаза на умирање кој треба да биде заменет со нов систем.  Каков и кој систем ќе биде? се уште не се знае. Но тоа не треба да не плаши. Во моментот светот се наоѓа во мрачна доба како во времето на средниот век кога падна феудалниот систем. Периодот додека умираше стариот систем и се воспоставуваше нов систем се нарекува транзиција за која треба време. Но тоа за разлика од средниот век ќе иде побргу поради релативноста на времето.
Пропаста и падот на либералниот капитализам не треба да не плаши. Секако дека непознатите работи секогаш не плашат. Историјата познава доста вакви случувања. Не е првпат одреден систем да пропадне и да биде заменет со нов систем. Гледано од денешна дистанца три системи до сега се пропаднати. Робовладителското општество, феудализамот и комунистичкиот систем. за робовладителското и феудалното општество  карактеристично е постоењето на одредена општествена класа која ја имала власта над останатите обични луѓе. Таа класа немала никаква одговорност пред никого, дури ни пред Бога. Нели во средниот век учеа дека кралевите и свештениците имат природно право да владеат, односно избрани од Бога да владеат. Али нивниот морал кога ќе ја наполнел чашата до горе доаѓал и нивниот крај. Па така и во либералниот капитализам  чашата од неморал веќе е полна. И токму во тој момент му доаѓа и кајот на овој либерален систем. Од историјата можеме да сватиме дека секогаш неморалот  кои преовладувал во одреден систем, бил самиот урушител на тој систем. Па и денес е истата прчина. затоа е добро да се каже дека одреден систем сам по себе удира! и тоа во оној момент кога токму ќе стигне до врвот на својот неморал, кога веќе нема да произведува нова вредност како либералниот капитализам.
Либералниот капитализам стигна до својот крај, причините за тоа се многубројни. Но една е главна секој систем сам се урушува како што кажавме во оној момент кога ќе стигне до врвот на својот неморал. Кога веќе стига до фазата на одчовекување кога веќе нема солидарност и одговорност од страна на системот и водчите на тој систем.  Во последно време сите ние сме сведоци  дека носителите на либералниот капитализам,западниот свет на чело со Америка ги изгубија сите репери и механизми на вредностите на општествениот систем, па така носителите на либерално капиталистичкиот систем не само што немаат одговорност за она што го правеа  на меѓународната сцена, туку ги изгубија и основните човечки и морални вредности, а не само солидарноста и давањето на помош спрема другите држави и народи. Или подобро тоа што денес се случува го имаше навремето кажано Карл Маркс Либералниот капитализам ќе стигне до фазата да ја јаде и сопствената супстанца за да преживее. Човекот самиот себе ќе се јаде! Таа фаза ја гледаме кога започна западниот цивилизиран свет удри по дивјаците на исток.Жртвите беа луѓето, народите, наците, државите. Супстанцата за да преживее западниот свет беа луѓето сопствената супстанца.
Основа на либералниот капитализам е што е врзан за профитот и капиталот.  Колку повеќе профит остваруват либералните капиталисти толку и поголема беда на другата страна се создава. Тоа по инеркција  предизвикува судирање помеѓу двата пола, од една страна капиталистите како газди и потрошувачи на капиталот, а од друга страна работниците како создавачи на капиталот. Тој социјалне судир и конфликт денес се повеќе е присутен, сигурно ќе има тендиција и да се зголемува. Гледате во Америка Џим Дор станува лидер на американските работници кој повикува на генерален штрај и борба за правата на работниците. Неговиот повик е дирекно втемелен против владењето на либералните капиталисти.
знам дека промените на општествениот систем нема лесно да одат. Промените започна со економската криза 2008/9 година, продолжи со британскиот брегзит и доаѓањето на Трамп на власт во Америка, за сето тоа време се гледа играта повучи потегни. Добар пример имаме во Стариот завет примерот со Мојсеј кога ги шуткаше Евреите низ пустината со цел да го прочисти народот кој беше научн на стариот египетски систем. Денес либералните капиталисти може и сега масовно да почнат да се самоубиваат.
А ние што правиме во Македонија?Нашите партии и од лево и од десно не сваќат, не разбираат дека довчерашната политика е веќе во изумирање. Имат една шанса или да се променаат, да ја промената радикално нивната политика, што би требало да значи промена и на кадрите  во самите партии (  и забрана на оние политичари кои досега се бавеле со политика) или да изумраат заедно со неа. Не знам колку првото ќе го одберат, но  знам дека второво не им бега. затоа не само што нашиве политичари, туку и старите европски политичари ги доживувам во агонија пред смртт.
Image
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија
Loading...

Related posts

Leave a Comment