Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : ДА СЕ ВРAТИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА НАРОДОТ

Светското лудило кое денеска го гледаме во неговата завршна фаза и кракирање на светскиот глобален поредок е започнат во педесетите години на минатиот век кога после втората светска војна западната демократија се најде во криза. Целиот процес е започнат во Велика Британија каде во тоа време започна да се употребува терминот неолиберализам како одговор на тогашната криза на либералната демократија. Неолиберализамот во својата суштина означува надминување на класичниот либерализам и демократијата. Зголемување на слободата во економијата, политичката и приватната сфера. Во економска смисла неолиберализамот означува владење на големите мултинационални и корпоративни компании. Уште по прецизно кажано неолиберализамот означува некој нов современ вид на колонијален империјализам во економска и политичка смисла. Неолиберализамот во остварување на целта за колонијализација на светото во рацете на неколку светски корпорации му стојат две работи како препрека државата и нацијата. Либералните корпорации за да стигнат до своите цели приграбување на ресурсите и матрејалните добра на одредена држава и нација. Тие се одлучија да направат еден вид на политичка деструкција со тоа што својата цел ќе ја постигнат со минимализирање на улогата на државата и одземајќи ги нејзините функции кои таа природно ги има и на нејзина сметка зголемување на слободата на корпораците и мултинационалните компании како и зголемување на слободата на пазарниот механизам во економијата во кое државата повеќе не би имала право на регулација на пазарот и уредување на својата економија. За да ја остварат вака поставената цел пред себе, неолибералистите започна процес на рушење на класичната демократија. Имено, според филозофите на класичната демократија : Русо, Лок, Вебер, Мил и други. Народот е тој кој што е суверен , односно владител на една држава, тој го има првиот и последниот збор, преку политиката, политичките програми и политичките партии народот одлучува за прашања кој него го засегат. Преку партиите народот ја остварува својата цел, а политичарите се само извршители на неговата волја, односно негови слуги. Кога неолиберализамот се појави како замена за класичниот либерализам, тогаш класичната демократија се појави како препрека за остварување на нивните зацртани цели. Па се одлучија да направат нејзина реформа, со тоа што политичарите од политички слуги и извршители на народот, сега на истиот тој народ му се нуди во замена „ Лидер“ Лидер на одредена политичка партија кој би требал да одлучува наместо народот тоа е така наречениот компетативен елитизам. Тоа е привиот чекор за одземање на суверенитетот на народот. Теоретска поставка на ваквата филозфија ни дава американскито филозоф и економист со австриско потекло Јозеф Шумпетер. Во неговата книга Социјлизам, капитализам и демократија, издадена во педесетите години на минатиот век. Тој ги потценува интелектуалните и политичките капацитети на гласачите како недоволно зрели, затоа според него лидерот наместо народот треба сам да одлучува. Бара минилална вклученост на народот и електоратот во политиката. Во неговата филозофија најстрашно од све е тоа што тој бара да се исклучи народната волја која според него е општествена творба која нема рационална основа. Шумпетер бара напуштање на идејата народот да избира преставнции кои ќе ја спроведуваат неговата волја. Според него идејата за демократизација на државата и општеството преку ставање на целокупниот авторитет во рацете на народот е илузија на класичната демократија, за современиот свет таа преставува една опасна идеја. Токму од филозофијата на Шумпетер можеме да видиме дека процесот на одземање на суверенитетот на народот и неговата волја е започнат во педесетите години на минатиот век и тој процес е во корелација со интересите на неолибералистите а во согласност со нивните амбиции да го претворат светот во приватен посед на неколку неолиберални корпорации. Теоријата за замена на народната волја и суверенитетот на народот со лидер кој треба да одлучува наместо народот на одличен начин ќе му помогне на американскиот неоколонијален империјализам со местење на свои сатрапи и марионети за лидерчиња во различни држави како Садам Хусеин, Бил Ладен, , Еди Рама, Борисов, Сакашвили, Гидо, Црпката Заев кај нас и други. Кој одлично ќе ги вршат задачите онака како што тие ќе им ги наредат неолибералните господари. Но тука има уште една значјана работа и проблем кои би преставувал за неолибералните господари, а тоа се состои во тоа што кловновите кои ги местат за лидери во некои земји имат граница на својата послушност како што беше случајот со Садам Хусеин и денес со Башар Ел Асад во Сирија. За да ја пребегнат таа непослушност американските теоретичари Роберт Дал и Дејвид Труман надоврзувајќи се на теоријата на Шумпетер го креира терминот плуралистички групи, односно општествено-интересовни групи за притисок кога власта , лидерот во една земја во која го поставиле им бега во рамката во која му дале да делува. Тие така наречени плуралистички групи, денес познати како НВО-сектор, а според изворите на ЦИА, преку УСАИД се дирекни претплатници на Вашингтон ( најмногу од доменот на НВО во областа на политиката, демократијата и човековите права) и преку нив се врши притисок врз политичарите, лидерот и оние политичари и лидери кои непосакано имат власт во одредена земја, се користат за разни револуции, буткање на разни диктатори. Познат е случајот со полската револуција во осумдесетитет години кога беше срушен комунистичкиот режим во Полска, предводник на ова револуција беше Лех Валенса од здружението солидарност. Денес ЦИА призна дека Валенса бил нивен соработник. Еве ви чист доказ зашто биле измислени така наречените плуралистички групи и НВО секторот, нивната цел не била демократија и владење на правото и сл. Туку извршување на некаква друга цел на некој центар на моќта. Фактички со Шумпетеровата филозофија и со реформата на класичната демократија е започнат процесот на реформа на десницата, односно создавањето на новата десница. Подоцна во шесетите години кога ќе се роди новата левица, теоретичарите како Жак Дерида, Карл Попер, Хенри Кисинџер, Фукујама, Џорџ Сорос како гурури на новата левица својата филозофија ќе ја градат врз основа на филозофската поставка на Шумпетер кои меѓу другото се злагаше да се намалат разликите помеѓу левицата и десницата и тоа е направено со раѓањето на новиот блок така наречениот „ Центар“ или либерален блок на партии кои во текот на деведесетитет години Тони Блер и Бил Клинтон ќе го наречат „ Третиот Пат“ пат без идеологија во кои царуваат интересите на корпоративните системи, а нивната цел е приграбување на ресурсите и матрејалните добра во светото во рацете на неколку моќни компании како што денес тоа го гледаме. Она што допрва треба да се направи е да се врати суверенитетот на народот, политичарите да почнат да ја испитуват волјата на народот и истата да ја почитуват. Токму настаните и случувањата кои денес се случуваат по светото водат кон тоа суверенитетот да се врати во рацете на народот , а политичарите да ја почитуват народната волја и своите политики да ги градат врз основа на волјата на народот, а не врз основа на своите интереси или интересите на некој туѓ центар на моќта.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!