Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : КРАЈ НА ЛИБЕРАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ

The anti-liberal moment - Vox

КРАЈ НА ЛИБЕРАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ 

Во моментов во светот суштествува општествен хаос кој  го зафати светот во целина во сите негови делови на животот! Си има своја логика своја цел, а тоа е да произведе  нов свет, нов светски поредок, нова вредност, ново поимање на светот. Токму операцијата корона ни го покажа тоа дека старото што до вчера било денес умрело, а на подвик е да се роди нешто ново, некоја нова вредност.

Короната уште еднаш ни покажа дека капитализамот од либерален тип е веќе мртов! Стигнал до фазата кога веќе не произведува нова вредност. Основата на либералниот капитализам  беа парите и нивната вредност. Кога достигна до својот врв либералниот капитализам со својата вредност се претвори во предаторски систем. Ги премина сите граници, дури ги згази и моралните вредности во општеството. Во тој момент на либералните капиталисти единствена цел им беше остварување на што поголем профит на сметка на обичните луѓе. Поради таа цел се водеа еден куп војни, уништување на народите и наците, нивните држави. Се со една цел да се стигне до природните ресурси и богаства  на државите и народите и тие национални богаства да прејдат во приватни раце. Тоа беше планирано со ТИП, ТИСА, ТЕЦ, транс атланските и транс пацифичките договори со кои светските богаства треба да бидат приватизирани  во рацете на неколку корпорации.
Корона кризата е продолжение на економската криза и рецесија од 2008/2009 година. за кризата има две основи: Прво нарушување на природната рамнотежа. Како што може да видиме планетата земја сама се справува од последиците кои човештвото ги оставило тркајќи се за профит и тие последици сите ги гледаме. Гледате какво ни е времето! Не знаеме кога ни е лето, пролет, зима, есен, на пролет ни паѓа снег.  Растителниот и животинскиот свет се повеќе изумира.Речиси скоро сите животни  се на листата на загрозени животни од изумирање. Втора основа е општествената рамнотежа, односно социјално-економскиот момент кој е поврзан со човекот како битие, Бидејќи човекот е живот, но не живот во апстракна смисла само да дише, туку и да има живот во вистинска смисла на зборот. Да може човекот покрај своите матрејални добра, да ги задоволи и своите духовни, социјални и општествени добра. Да постои некаква организација на животот на човекот со светот околу себе. Човекот да биде хумано и социјално суштество, а не затворен во себе. Да постои баланс, хармонија помеѓу матрејалните и духовните добра.
Што покажа кризата со короната?
1. Покажа дека западниот либерален капиталистички систем со се западна европа,Еу, НАТО, Америка и сите останати институции што го преставува западниот либерален капиталистички систем е веќе мртов.
2. Кина и Русија искористувајќи ја кризата со короната и солидаризирајќи се со светот опфатен со короната, праќајќи им помош мудро го искористија за да се кренат на пиесталот на идни нови светски сили. Што покажува дека мултиполарноста во светот е воспоставена и таа функционира.
3. Европската унија е веќе мртва институција. Кризата со короната покажа дека ЕУ не функционира на начин на кои беше замислена. Сега нејзините членки го преиспитуваат членството во ЕУ. Не само Италија, Унгарија, Шпанија, ами и останатите земји, за брзо време може да очекуваме дека ќе го постават прашањето дали е потребно постоење на европската унија.
4. До вчерашните либерал капиталисти во Америка и Европа  самите почна да се деградират. Од денес почна да донесуват пакет за спас  на веќе пропаднатата либерална економија. Тоа ни покажува дека се враќа улогата и функцијата на државата, без нејзина интервенција неможе да опстои економијата. Токму ваквите кризи како и секој пат во историјата предизвикувале токму враќање на улогата и интервенцијата на државата во економијата. Гледате Америка токму и тоа го прави со донесување на пакетот мерки за спас на економијата.
5. До вчерашните завојувани непријатели Америка и Русија неделава си направија меѓусебен гест. Тоа покажува дека САД и Русија можат да изградат меѓусебни пријателски односи и да изградат свет кој ќе почива на меѓусебно пријателство, разбирање, соработка, почитување на правото И.Т.Н. Нешто што сигурно Трамп и Путин во идниот свет ќе започнат да го реализират, овој потег на Путин, а прифатен од Трамп, Сигурно дека само демократите ќе сакат да го искористат за напад на Трамп. Но тоа нема да им успее, бидејќи Американскиот народ исток како и Рускиот народ е паметен народ како и секој народ.
6. Кризава со короната во целос го разголи довчерашниот двопартиски систем ( лево и десно). После кризата доаѓа време на нова политичка идеологија, нови ликови во политиката произлезени од народот, нови политички партии конституирани на нови основи. Некои во Еврпа се појавија како партите на Фараж, на Салвини, Орбан, Путин и кај нас новитет од таков калибар е РОДИНА.
за крај што ќе биде следно после крајот на либералниот капитализам. Никој не знае! Едно се знае дека на капитализамот од либерален тип ( Капитализам од либерален тип, не капитализам, како капитализам) веќе дојден му е крајот.  Што ќе биде следно? Тоа е прашање што допрва да се отвори од кога ќе заврши кризава. Дали ќе се случи враќање кон државниот-капитализам ( кои постоеше во 50-60 тите години, се до 80-тите години) или ќе следува нешто ново, тоа е нешто што иднината допрва ќе ни го открие.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Image
Loading...

Related posts

Leave a Comment