Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ: ПРИКРИЕНО ЗЛО

8 Screenshots ideas | sonic generations, super street fighter, screenshots

Веќе две години како живееме со корона вирусот. Ова како да ни стана секојдневие! Секојдневен живот. Цел свет наеднаш го фати шок од една мала бубичка вирус наречен „ корона“, а во животов има и пострашни работи од него. Се дигна паника и хистерија како прв пат да се сочуваме со некаков си вирус, иако до сега ги имало подоста, од средновековнaта чумa и шпанскиот грип, па се до птичјиот грип измислени во лабараторија, произведени за потребите на големо моќниците.

Имено, до сега човештвото се сочило со следниве вируси: Шпански грип за време на првата светска војна, хив сида во 1984 година, западнонилска треска во 2002 година, сарс го имавме во 2004 година, во 2005 година го имавме птичијот грип кој преставува експеримент уште од времето на Менгеле спроведуван во Втората светска војна, 2009 година го имаме свинскиот грип, во 2014 ја добивме еболата, во 2016 го имавме зика вирусот, во 2017 ја имавме саломонелата и во 2019 ја имаме короната.

Мене лично сето ова што се случува не знам зошто? Но ме потсетува на Американскот филм Resident Еvil. Во главна улога со Мила Јововиќ. Имено, во филмот прикриено зло корпорацијата Амбрела со намера да го уништи човештвото плански го пушта вирусот „ Т“ кој прво ги претвора луѓето во зомби (живи мртовци), а подоцна продолжува да еволуира човекот во разни суштества заземајќи различи облици. Така, вирусот „ Т“, почнува да се шири како чума низ целата планета.

Milla Jovovich in The RESIDENT EVIL Collection Now Available on 4K Ultra HD  - We Are Movie Geeks

Исто како вирусот „ Т“ во филмот, така и нашава корона се рашири низ целиот свет претварајќи го човекот во зомби. Имено, со маскиве буквално станавме како зомби. Не збориме, не мулатаме, не се буниме, си жифкараме, се јадеме меѓу себе, исто како зомбите во Resident Еvil.

И сега доаѓаме до клучното прашање? Во филмот Resident Еvil целта е да се уништи човештвото, светот онаков каков што е создаден и да се креира нов свет кој ќе се држи по контрола, под цврста рака на корпорацијата амбрела.

Целта на нашиот корона вирус е следнава:

  1. Засејување на страв и паниа. Самиот Џорџ Орвел за стравот и панката го има кажано следнво: „ Исплашениот човек најлесно може да се контролира.“ од тука е јасно зошто постојано се сее страв и паника.

  2. Да се одржи статус кво на меѓународната сцена, односно светот да остане еднополарен, наспроти мултиполарноста која во последниве десет години е на повидок да се воспостави. Тоа значи Америка да го задржи својот примат на единствена светска сила наспроти Русија, Кина, Индија, Иран, Бразил и други земји.

  3. Европската унија, односо Европа да стане колатерална штета, така што на тој начин преку корона вирусот да се прекнат природните врски со Азија, да пропадне проектот за создавање на Евроазиска унија.

  4. Кина да се обвини и да биде виновна за трагедијата со корона вирусот што го снајде човештвото.

  5. НАТО доби нов непријател. Со тоа се одржува потребата од постоење на нато сојузот. НАТО од воена организација ќе постане хуманитарна организација која ќе го потпомага човештвото во борба со пандемијата.

  6. Да се рокне светската економија, во прв ред економите на западна европа.

  7. Фармацевската и здраствената индустрија да профитират на товар на човештвото. На тој начин што ќе се измислат најзразлични препарати и вакцини против короната.

Тоа се целите на денешното светско прикриено зло.

Проблемот со реалниот свет кој ние денес го живееме и светот во кој е снимен филмот Resident Еvil е разликата што тој свет ја има Алис ( во улога на Мила Јововиќ) која е единствена имуна на вирусот и прави се што е во нејзина моќ да се спротистави на корпорацијата амбрела. Нашиот проблем, односно проблемот на денешниот свет е што ние ја немаме Алис која ќе се спротистави на денешната белосветска мафија.

Е сега да се осврнеме и на состојбите во Македонија. На нас не ни треба вирусот „ Т“ за да не претвори во зомби. Ние веќе триесет години си живеме како зомби. Од времето на приватизација па се до денешен ден. И така како доаѓа нова власт така се претвараме во зомби.

Веќе ни се јавува недостаток од струја ова зима. Цените на храната и пијалокот претерано се накација, дури и обичните пластични ќеси ни рикна за петнаесет денари. Ех навистина дојдовме до позиција на вистински зомби. Кој кај ида е ќе почнат сами да се јадат како живи мртовци.

Така додека ја чекам Алис да се појави за крај прашувам? Поради тоа што во последниве години од Македонции еволуиравме во северњации, овој пат прашувам во што ли ќе еволуираме во кербер, медуза или хидра?.

Мишко Ливрински

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!