Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТ

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТ

Светот од пред почетокот на пандемијата со корона вирусот и овој од после пандемијата што допрва се очекува да настапи веќе не е ист! Кој виде виде! Кој разбра разбра, дека корона пандемијата направи пресвртница во геополитиката и геостратешката игра во светски рамки.

Не знам дали некој од вас ја виде таа слика, но јас многу добро видов што се случи? Што всушност се случи? Тоа што светот го очекуваше! Промени во моќта и силата на светската политичка сцена. Западниот систем на чело со Америка тотално крахира и, е во фаза на распад, а на негово место дојде нова империјална сила, Кина. Од сега новиот хегемон, односно новиот господар на светската политичка сцена е Кина.
Токму операцијата Ковид  ја направи Кина да стане светски господар.  Во текот на кризата, акциите на кинеските фирми паднаа, милијардерите од запад и САД ги продадоа, кинезите си ги откупија акциите, така што денес единствен сопственик  на кинеската економија е Кина. Сите Кинези сега се на работа на рестартирање на фирмите и отвараат нови во целиот свет. Во Кина, кинеската економија почнува да доживува голем економски бум.
Не знам кој ја смисли операцијава ковид 19 , дали самите кинези или некој друг.  Но знам дека одлично им дојде во прилог за да го завземат хегмонистичкото и господарското место  на светската политичка сцена.
А западот и Америка се најдоа тотално не спремни, нив целосно кризата ги разниша. Токму тој факт ме тера да помислам дека операцијава ковид 19 беше смислена од Кинезите, ако беше од западот сигурно дека тие како нејзини производители ќе ги имаа механизмите за да се одбранат од неа. А го гледаме токму спротивното, западот стана колатерална штета од ковид 19, со тоа што либералниот капитализам  веќе е мртов.
Денес, можеме да видиме, како во Америка довчерашните либерални капиталисти кои се залагаа за пазарни слободи и немешање на државата во пазарните механизми и приватната економија, навиваат што повеќе државата да ги помага приватните фирми и економијата. Она што некогаш беше рецидив, тоталитаризам, мешање на државата во приватноста, денес е спас за економијата.Токму тој факт укажува дека либералниот капитализам е веќе мртов. Американскиот конгрес изгласа пакет мерки за спас на американската екомомија кои Трамп треба да ги потпише и одобри. Тоа е класичен пример на деградација на основите на кои почива либералниот капитализам, но истовремено значи враќање на класичниот државен капитализам каде што државата има поголема интервенција и улога во креирање на економијата.
На почетокот во 19 век, кога се воспостави капиталистичкиот систем, постоеше државно- капиталистички систем каде што државата имаше поголема улога и интервенција во економијата и државата. Таквиот систем беше повторно вратен после втората светска војна. Имено, тогаш државата  и на запад и на исток  имаше поголема улога во економските текови на државата, можеби тоа е фактот зошто педесетите и шеесетите години беа нарекувани златни години. Тоа траеше до седумдесетите години кога на сцената се појавија либералниот капитализам и неолиберализамот кој се на прагот на својот крај. Кризата која настапи го разголи либералниот капитализам со што  покажа дека без интервенција и улога на државата повеќе не е можно. Тоа отприлика значи крај на глобализацијата и повторно враќање  на државата на пиедесталот како единствен чувар на општото добро на народите.
Над сето ова Кина испадна и најголем хуманитарец и филантроп, им понуди и им даде помош на западните земји кои истата ја побараа. Со тоа западот стана целосно зависен од Кина. На тој начин Кина во моментов се претвори во единствен светски господар! Сега светот е во рацете на Кина. Ние што ги пратиме светските текови, знаеме колку кинеската технологија напредна во последните години така што западот веќе не може да ја достигне. Тоа ја прави Кина се по голема, а светот во иднината се по зависен од неа. И не само тоа, Кина уште пред осум години го доби столчето во ММФ и Светската банка со што во иднина значи дека таа ќе биде еден од главните финансиери во светот.
Америка!? Америка веќе влезе во позиција која ја имаше Русија во деведесетите години после пропаста на СССР и социјализмот. На неа ќе и треба време да се совземе, да ги увиди грешките од минатото и кога ќе се врати на сцена да може да се врати трансформирана во некој нов облик на регионална сила.
А ние што правиме? Уште ли ќе навиваме за запад. За тој запад и таа Европска унија кои се веќе во длабок распад и кои тешко дека ќе ја преживеаат кризава? Истото се однесува и на НАТО, тешко дека и тој ќе ја преживе кризава. После кризава светот ќе добие нова форма, преобликуван во нов систем и поредок.  Се надевам дека Кина која брзо чекори кон зголемување на својата империјална моќ нема да се претвори во она што до вчера беше Америка, но на мене од историјата ми е познато дека сите империи кои стигнале до врвот на својата империјална моќ се претвориле во предатори, сепак да ја оставиме историјата да си го покаже патот во кинескиов случај.
За крај да ги прашам ,,нашиве” , ќе почнете ли да ги соблекувате плавите а да ги облекувате црвените кошули?
Мишко Ливрински
Image result for мишко ливрински
Loading...

Related posts

Leave a Comment