Колумни

Мишко Ливрински : ШТО ЌЕ НИЕ ДРЖАВАТА , АКО ЈА НЕМАМЕ ПАРТИЈАТА

ШТО ЌЕ НИЕ ДРЖАВАТА , АКО ЈА НЕМАМЕ ПАРТИЈАТА

Што ќе ние државата, ако ја немаме партијата! е реченица која своевремено Никола Поповски од СДС ја имаше напишано во една од неговите колумни во дневник. Тоа не ни кажува  само на тоа како резонирал, какво сваќање и разбирање  имал Никола поповски, туку и самиот врв и раководството на СДС.

Наместо да биде обратна тезата „ Што ќе ние партијата, ако ја немаме државата.“ Туку напротив кај нив се започнува и завршува со партијата. Незнам дали денес се свесни, дека дојдовме до фаза на губење на државата, а нив се уште партијата им е водилка. Па затоа за нив имам низа прашања кого сега ќе преставуваат? Која држава и народ ќе ги преставуваат? Како ќе им функционира  партијата без држава? Како лоби група на соседните држави ли во некоја си територија окупирана од НАТО.
Основниот проблем кај СДС е тоа што тие не се откажа од нивната фамозна замисла или болест дека тие ја имаат создадено Македонија како држава ( демек се наследници  на партизаните, КПМ, СКМ) и на нив им припаѓа природно право да владеат со Македонија. Чим не се откажа од таквата замисла се знаеше дека на Македонија и следува турболентен период каков и што го доживеавме во овие триесетина години. Па се прогласија за државотворна партија ( Единствена), а нивниот водач и папа се прогласи за државотворец. Имено, државотворна партија никаде во светот не постои! Постојат државотворни народи, бидејќи народот создава држава, а не партијата. Теоријата и практиката не познава да создала некаде држава, туку народот. Кај нас е обратно, овдека дечкиве од СДС се трудат да докажат дека партијава си создала држава, а не народот што е апсолутно не точно. Македонскиот народ низ антифашистичката борба во втората светска војна со победата како дел од глемата коалиција го доби правоот да формира сопствена држава како и сите останати народи.
За да ја оствари СДС таа своја замисла и цел да ја владее Македонија како што ја владееа нивните претходници ( КПМ, СКМ), не само што приватизацијата експресно ја спроведоа продавајќи го општествениот капитал на нивни луѓе за да можат да го контролират општеството и државата, туку тоа го направија и во политичкиот живот. Така што експресно учествуваа во создавање на останатите партии.
Либерално-демократската партија чиј основач е Стојан Андов кој е поранешен комунист на СКМ. Инаку неговата партија на почетокот се нарекуваше реформиски сили на Југославија, која патем во цела Југославија не фати корења, освен во Македонија и во Босна и Херцеговина. Знаеме за Андов дека е стар УДБАШ кој сакаше процесот на лустрација да го исконтролира за да не можеше да да стигне до него. Заедно со Ван ден Брух го заговараше името Славомакедонија.
За Либералите на Ристо Пенов и Андреја Жрновски нема што да се зборува, од небо се гледа дека се сателит на СДС. Толку се скриени зад СДС, што дури и народот не знае дека постојат. Се сеќавам на еден случаен разговор што го имав со Андреја Жрновски во 2008 година, Му реков дека е најдборо да излезат самостојно на избори како трета опција за да народот ги препознае и види. И ако ми рече дека сум во право! Тие никогаш тоа не го сторија. Нивната мајка СДС никогаш не им го дозволи тоа. Љубомир Фрчковски уште во 1994 година, најавуваше дека ќе формира втора албанска партија, се смета дека наводно ДПА така започнала.
Демократска Алтернатива на Комунистичката штафета Васил Тупурковски Циле кој е исто така бивши член на СКМ, соработник на УДБА, ЦИА, КГБ и кој знае уште на колку служби. Се гледа дека алтернатива е основана од поранешен член на СКМ и од тајните служби. Васил Тупурковски кои пишуваше книги за Античка Македонија и Александар Македонски, а потајно преговараше за смена на името во централна балканска република, се гледа црно на бело неговата двојна улога во проблемот со името. Во 1998 година, одлично ја одигра неговата улога во американското сценарио на Медлин Олбрајт за признавање на Тајван со цел да се вознемири Кина и да ја повлече во ООН мисијата на УНПРЕДЕП која ни ги чуваше северните граници, па така, УЧКИТЕ од Косово да можат слободно да влагаат и да започне процесот на фингираната војна во Македонија.
Најинтересно од се е ВМРО-ДПМНЕ. СДС уште од самиот почеток знаеше дека создавањето на ВМРО ќе го врзе македонскиот народ кон себе! ВМРО е колективното и историското сеќавање на македонскиот народ  за неговата вековна борба за ослободување и национално обединување на македонскиот народ и токму тој факт ќе го врзе народот кон нив. За тоа тие мора да го уништат угледот на ВМРО! Им требаше човек кој ќе предизвика одбивност  кај народот спрема таа партија. Затоа им требаше некој како Љупчо Георгиевски кои ќе глуми Бугарин со што ќе го наруши угледот на партијата и ќе го одалечи народот од неа. Љупчо Георгиевски уште во 1991 година, после посетата на македонската дијаспора во Канда и Америка излезе со тезата дека имало Македонци-Срби, Македонци-Бугари, Македонци- Грци, Македонци-Албанци, Македонци нема! Тоа беше првата работа која Георгиевски ја употреби за да предизвика одбивност кај народот спрема ВМРО. Негов прв соработник беше Удбашката Доста Димовска која впрочем беше неговиот главен идеолог. Не треба човек да е многу паметен за да ја свати улогата на Димовска како агент на УДБА. Димовска на катедрата на Филзофски факултет предаваше Марксизам и самоуправување, значи на теоретско ниво предаваше лева идеологија, а во праксата беше десничар. Одма ви кажува дека нешто овдека смрди. Токму нејзината улога беше да го врбува Љупчо Георгиевски кои ќе глуми Бугарин на тој начин преставувајќи ја партијата како бугарска. Дури и самиот Георгиевски  по бугарските телевизии признаваше дека Димовска како министер за внатрешни работи ги заштитила соработниците на УДБА и КОС во Македонија и дека ги врбувала тајните служби на Бугарија за негов пад во 2002 година.
2008 година е година за памтење. Година која во идната Македонска историја треба да влезе како значајна година.  Имено, токму во 2008 година, пред и по Букурешт ( Самитот на НАТО) јасно се искристализира две сили, се виде кој е за, а кој против Македонија. Токму стариве комунистички и удбашки волци Црвенковски, Георгиевски, Андов, Петковски, Тупурковски, Фрчковски, а подоцна и Љубе Бошковски се обединија против Македонија за прмена на името и македонскиот идентитет. Токму тоа е нивната заеднчка цел која ги врзува. Денес можеме да видиме дека сите овие ликови навиват за севернава, никој од нив не се крена и не се спротистави против промена на името Македонија во Северна! Тоа им била мисијата и задачата на господава. Затоа во овој контекст прашувам дали воопште вреди да се гласа за овие дечки на престојните избори? Не дека подобра опција имаме, напротив македонскиот народ во овој момент е оставен без никаков избор, без никаква македонска опција. Освен ако не се земе родина како партија која нема да учествува на фингираните избор за дивоградбата северна.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Image result for мишко ливрински
Loading...

Related posts

Leave a Comment