Здравје

Мијте го овошјето и зеленчукот со топла вода

Деновиве се поставуваат многу прашања во врска со коронавирусот . Колку време вирусот преживува на различни површини? Како да се дезинфицира домот, како да се мие облеката, рацете, работните површини? Што со мобилниот телефон, што со чевлите со кои бевме надвор од куќата? Што со намирниците што ги носиме од продавница? Како да се мие овошјето и зеленчукот?

Термички третман

Ова последно прашање стана тема на многу дебати на Интернет. Дали треба да ги дезинфицираме и јаболката, бананите, портокалите? Што да правиме  со блитва, зелка, брокула? Од самиот почеток на коронавирусот, миењето на рацете се споменува како една од најважните мерки за спречување со ширење на вирусот.

Поточно, како што експертите многупати објаснија, лушпата на честичките на корона вирусот се состои од липиди, или масти, кои се раствораат во сапунот.

Затоа е многу важно да ги миете рацете често и темелно во траење од 20 секунди. На оваа тема, многумина се прашуваа дали и со какви средства треба да ги дезинфицираат намирниците што ги носиме од продавница како ефектот би бил ист. Бројни експерти, исто така, зборуваа за тоа последниве денови.

Објаснија дека кога доаѓаме од продавница, првото нешто што треба да го направиме е да ги соблечеме обувките, да ги спуштиме работите што ги донесовме и темелно да ги измиеме рацете. Што се однесува до овошјето, треба добро да го измиете. Некое овошје и термички треба да се одработи. Значи, со правење компот заканата од вирусот изчезнува.

Не со алкохол

Што да се прави со купеното овошје и зеленчук е прашање кое сè повеќе се поставува, а одговорот е едноставен – измијте го овошјето и зеленчукот со топла вода. Миење на детергент, кое стана опција на социјалните мрежи,да се избегнува поради ризикот од труење. Истото важи и за алкохолот купен од аптеките. Тоа е индустриски алкохол, кој содржи хемикалии кои ја спречуваат неговата конзумација. На крајот, термичката обработка на храната ќе ја заврши својата улога.

Намалете го ризикот

Препораките на Светската здравствена организација за храна се следниве: 

1. Добро измијте го суровото овошје и зеленчук (ризикот од инфекција дополнително се намалува со термичка обработка)

2. Кога сечете сурова храна, користете штици и ножеви

3. Темелно измијте ги рацете по допир со неизмиено овошје и зеленчук

Најважниот чекор

Овие се упатствата за најважниот чекор за спречување на инфекцијата, а тоа е миење на рацете. Рацете треба да се мијат често и темелно со сапун и вода најмалку 20 секунди. Кога сапун и вода не се достапни, можете да користите средства за дезинфекција што содржат најмалку 60 проценти алкохол.

Loading...

Related posts

Leave a Comment