Соопштенија

ММДЧП ПОВИКУВА НА АКЦИЈА : КАЖЕТЕ ИМ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ МЕДИУМИ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ШИРАТ ОМРАЗА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ

TAKE ACTION Tell International Media to STOP Perpetuating Hate Against Macedonians

Повик за акција. Посетете ја страницата http://mhrmi.org/act/media за бргу и лесно да испратите порака до најголемите медиуми низ светот. Кажете им дека начинот на кој известуваат за Македонија придонесе кон принудното преименување на Македонија и шири културолошки геноцид. Кажете им да го бранат нашето право да постоиме и дека НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Споделете го ова и кажете им на сите што ги знаете да го сторат истото. Не запирајте. Ќе си го вратиме името Македонија.

 

Одете на http://mhrmi.org/act/media веднаш за да ја испратите следната порака до меѓународните медиуми:

 

Вашето известување за Македонија шири омраза

 

Изразот “Северна Македонија” го негира нашето име и идентитет. Крајно е навредливо вашето известување дека со принудното преименување на Македонија (кое Македонците во целост го отфрлаат) се “решил дипломатски спор”. Ние сите имаме право на самоопределување, но ова право брутално им е одземено на Македонците, а оваа постапка вие ја славите. Во вашето известување тргнувате од претпоставката дека правото на Македонците на своето сопствено име е “новосоздадено”, и дека Грција е “вистинскиот” сопственик на нашето име, и покрај тоа што Грција со генерации го негираше постоењето на Македонија, ја забрануваше употребата на зборот на “М” и спроведуваше брутални политики чија цел беше да се избришат Македонија и Македонците. Нивното новоизмислено барање дека името Македонија е нивна сопственост – кое првпат го промовираа во 1988 година – е провиден обид да се одврати вниманието од нивните анти-македонски политики, што грчките политичари и јавно го признаваат. Немојте да ја славите оваа злоупотреба и културолошки геноцид. Прочитајте го следниот текст https://mhrmi.org/news/you-would-never-give-away-your-ethnic-identity-so-why-should-macedonians и кажете ми што мислите за него. Кажете ми дека ќе почнете одговорно да известувате за принудното преименување на Македонија и дека ќе го браните нашето право да постоиме. Ви благодариме.
Loading...

Related posts

Leave a Comment