Соопштенија

ММДЧП ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ЗА ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА ДО ПОЛИЦИЈАТА НА ТОРОНТО

По приемот на порака со анти-македонски говор на омраза (подолу), Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права поднесе пријава за говор на омраза до полицијата на Торонто кои отпочнаа истрага. Конкретно, „намерното ширење омраза“ во кривичниот законик на Канада се дефинира како:

„Секој кој во пренесена порака, која не е дел од приватен разговор, свесно ќе шири омраза против било која препознатлива група, е виновен за:

а. Кривично дело за кое може да следи казна затвор од не повеќе од две години; или

б. Дело казниво според законот за прекршоци

Ниту една група не би требало да биде изложена на омраза. Македонците за жал многу добро знаат дека самото тоа што сме Македонци и се изјаснуваме како Македонци предизвикува гнев кај нашите угнетувачи. Нивните реакции меѓу другото вклучуваат: говор на омраза; физичко насилство; негирање на нашето право на самоопределување; јавно поттикнување на омраза; пропаганда исполнета со омраза со која се нагира нашето етничко потекло; кампањи чија цел е да се негира нашето право на нашето сопствено име, идентитет и историја; поттикнување и обиди да се поттикнат други фактори, како што се медиумите, образовните институции и избраните политичари, да го негираат постоењето на Македонците и кампањи за културолошко преземање на изразот „македонски“.

Дополнително, употребата на крајно навредливи и понижувачки изрази против Македонците од страна на канадски политичари продолжува неказнето. Пример е упторебата на изразот „Скопиани“ од страна на Џим Карајанис – израз кој се користи да се негира македонскиот етнички идентитет и кој е поврзан со грчките грозоморни кампањи во минатото и сегашноста за културолошки геноцид врз Македонците – и неговото снимено промовирање на предавање во кое се слави бомбардирањето на македонски цивили од страна на грчките владини сили.

Понатаму, пратеникот Роб Олифант пред група Македонци рече дека ќе продолжи да го користи крајно навредливиот израз „Северномакедонци“ кога зборува за Македонците, и покрај тоа што му беше кажано дека овој израз е исклучително навердлив и се користи да се негира нашиот етнички идентитет.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги отфрла сите форми на омраза и активно ги брани сите групи кои се изложени на омраза. Бараме да бидеме третирани еднакво на сите други. За жал, Македонците честопати се изложени на говор на омраза и на негирање на нашиот етнички идентитет не само од страна на нашите угнетувачи, туку и од тие кои би требало да ги бранат нашите права – новинарите, политичарите и другите јавни функционери.

Ние ќе ги користиме сите расположиви средства за да се бориме против говорот на омраза насочен кон Македонците. Ги повикуваме Македонците кои биле изложени на говор на омраза да ја искористат нашата интернет опција за брзо пријавување на ваквите инциденти. Ве молиме наведете ги инцидентите со што е можно повеќе детали. ММДЧП ги повикува сите кои се заинтересирани за одбрана на човековите права да ни се придружат во нашата борба за нула толеранција за омраза – кон сите групи.

АНТИМАКЕДОНСКА ПОРАКА СО ГОВОР НА ОМРАЗА:

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment