ФБ Статуси

СИТУАЦИЈАТА СО ПРОТЕСТИТЕ ВО САД НЕ Е ОНАКВА КАКВА ШТО ЈА ПРЕСТАВУВААТ МЕЈНСТРИМ МЕДИУМИТЕ

The Deep State Is a Distraction | The National Interest

Денес разговарав со моја пријателка во САД. Просто ме интересираше што навистина се случува со протестите, зашто не знаев колкав е нивниот интензитет, а според информациите што ги добиваме кај нас претпоставив дека е можно да гледаме филтрирани, лажни вести, што ситуацијата ја прикажуваат полоша отколку што е – онаква каква што би сакале да мислиме дека е големите светски агенции чии газди се господарите на „Држават во сенка(Deep State)“ против кои се бори Претседателот на САД.

Нејзиниот одговор беше многу интересен, па овде го пренесувам за тие што би сакале да знаат. Еве што ми пиша таа :

“Ситуацијата е супер. Статистиката се подобрува во сите сфери. Заболените од  COVID се намалуваат драстично. Ова со протестирачите и со Антифа се преувеличува и им се дава целосен простор по медиумите зошто си имаат агенда.

Во основа, тие се грст луѓе, не повеќе од неколку стотици собрани на едно место и тоа во одредени градови каде што демократите се на власт, па овие овие уште ги помагаат наместо да ги разбијат.

Еве сега во Сиетл, каде што им се дозволи да го завземат (односно да се населат како клошари) Капитол Хил, си го прогласија за „автономна зона“. Кратенката од „Капитол Хил Автономна зона“ е ЧАЗ, така што цела Америка си игра мајтап со нив и ја викаат „новата држава ” : ЧАЗакстан“, а демонстрантите, ЧАЗакстанци. Инаку, Трамп има се под контрола и само ги пушта демократите да си го покажат лицето и така да привлече повеќе гласачи.

Ако го следиш секојдневно што зборува, што прави и каде оди, ќе видиш дека е премногу релаксиран и дека си ги брка работите регуларно и не дава пет пари за овие заедно со медиумите, па затоа овие истиве се тресат од земја и полудуваат затоа што не можат да му направат ништо, а А.Г. Бар си ја брка работата и заедно со Ретклиф ги декласификуваат материјалите потребни за да се осудат главните криминалц, и сите чекаме кон крајот на летото да падне првата пресуда“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment