Регион

Москва го окаректизира притворот на рускиот дипломат во Косово како провокација

Марија Захарова побара од косовската мисија на ОН да го ослободи рускиот дипломат

 

Притворањето на рускиот дипломат Михаил Красночеков, член на мисијата на ОН во Косово УНМИК, од страна на косовската полиција е уште една провокација од страна на највисокиот врв на косовските Албанци, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во коментарот попладнево.

“Притворот се одвиваше спротивно на дипломатскиот имунитет на  еден официјален претставник на ОН”, рече Захарова.

“Овој грозен чин го сметаме за уште една манифестација на провокативни политики од страна на највисокиот врв на косовските Албанци”. 

“Бараме раководството на УНМИК да обезбеди исцрпни информации во врска со незаконското апсење на Михаил Красночеков и да стори сé што е можно за негово итно ослободување”, рече Захарова.

Во вторникот наутро, специјалните сили на непризнаеното Косово се навлегоа во северните општини претежно населени со српско население,употребувајќи огнено оружје што резултираше со повредени двајца Срби кои добија лесни повреди. Српскиот претседател Александар Вучиќ  рече пред српските пратениците дека специјалните сили на полицијата на Косово уапсила 23 лица, меѓу кои и рускиот државјанин Михаил Красночеков, член на Времената административна мисија на Обединетите Нации во Косово.

Loading...

Related posts

Leave a Comment