Свет

Москва: Испораката на американски ракети во Киев може да доведе до руско-американски конфликт

Challenge Family Statement on Challenge Moscow - Challenge Family

Москва денеска остро го критикуваше новиот пакет американска воена помош за Украина, кој ги вклучува ракетните системи ХИМАРС и предупреди дека може да дојде до директен конфликт меѓу САД и Русија.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави за РИА Новости дека секоја испорака на оружје за Киев го зголемува ризикот од директна американска конфронтација со Русија. „Секоја испорака на оружје ги зголемува ризиците од таков развој на настаните“, рече тој.

Рјабков, исто така, ја опиша помошта на американската влада за Украина како обид да и се нанесе стратешки пораз на Русија.

Белата куќа претходно соопшти дека САД во среда ќе претстават нов пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува испораки на ракетните системи ХИМАРС.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев нема да користи ракетни системи со долг дострел за напади на руска територија.

Висок претставник на американската администрација изјави за новинарите во вторникот дека повеќецевните ракетни фрлачи HIMARS, кои САД планираат да ги достават до Украина како дел од новиот пакет воена помош, ќе можат да погодат цели на оддалеченост од околу 80 километри.

Related posts

Leave a Comment