Свет

МОСКВА : „Намерното ширење на вирусот е тероризам“

Фотографија од Гети Александар Аксаков

Москва – Случаите во кои лицата намерно заразуваат друго лице со коронален вирус што би резултирало со смрт, ќе се сметаат за тероризам, хулиганство и саботажа во Русија

„Ако смртта на едно или повеќе лица е предизвикана од намерно кршење на санитарните и епидемиолошките мерки, таа ќе се класифицира како тероризам, хулиганство или акти на саботажа“, соопшти денеска прес-службата на законодавниот комитет на Руската државна дума.

Претходно, претседателот на Думата, Вјачеслав Володин и претседателот на Законодавно-правната комисија доставија предлог-закон за заострување на казните за кршење на епидемиолошките правила кои предизвикуваат масовно ширење на заразата или смрт од небрежност, пренесува ТАСС.

Според предлогот, доколку избегнувањето на карантинот резултира со смрт на едно лице, одговорното лице ќе се казни до пет години затвор.

А во случај заразеното лице да предизвикало смрт на две или повеќе лица, го очекува седум годишна казна затвор.

Related posts

Leave a Comment