Свет

Москва од утре воведува режим на домашна изолација за сите граѓани

Москва од утре воведува режим на домашна изолација за сите граѓани, објави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Собјанин рече дека на луѓето ќе им биде дозволено да го напуштат станот само во случај некој да има потреба од итна медицинска помош или во случај на непосредна опасност по животот и здравјето.

Тој додаде дека луѓето можат да се движат ако одат на работа, да купуваат во најблиската продавница или аптека, да ги шетаат своите миленици, но не подалеку од 100 метри од нивното место на живеење , што не беше случај минатата сабота.

Исто така, луѓето можат да излезат да фрлат ѓубре, објави Спутник.

Овој режим не го ограничува пристигнувањето или заминувањето на луѓе од Москва.

Собјанин рече дека властите постепено ќе ја заоструваат контролата врз самоизолацијата.

На московските граѓани ќе им требаат посебни дозволи од градските власти да ги напуштат своите домови.

Со ова претходните мерки се заоструваат бидејќи Собјанин најави дека сите продавници за малопродажба освен пекарите и аптеките ќе бидат затворени од 28 март до 5 април, а потоа кафулињата, рестораните, спортските сали, спортските центри, кината, па дури и парковите, а претседателот Владимир Путин потпиша закон со на државата и се дозволува да интервенира и да ги регулира цените на мало и големо на поединечни лекови.

 

Related posts

Leave a Comment